Стрес тест било ова бе хехех. Ама кога рече ембриологот убаво се развиваат и во четврток транфер и срце ми се врати на место и магично се престана да ме боли и стој на раце можам да правам. А ова мажево мое, во вц се сокри, преку врата му пренесував. Плашливец. Дај боже се да е во ред и понатака и ќе се частиме до сабајле. Фала ти најмногу
Ajjj ти честитам супер е бетата ова може да е дупла среќа ако не и тродупла јас се израдував за тебе среќно до крај
Не само што е во ред туку може и дупла среќа да е... ич да не се секираш гали мешко сега... @LunaGrey за некој месец следни сме ние ... со убаво ќе не фати **маја**та и нас ..
Девојки малку оф топик ама да ве прашам нешто, пошто ве чувствувам за свои ако сака некој милениче- 2 месечно мн убаво женско маченце што би го чувале дома,нека ми пише лп за повеќе инфо и ако сте заинтересирани
Маја Т (не знам зашто не можам да те тагнам) и @KonstantinaM девојкиииии, ЧЕСТИТО!! Ми го стопливте срцево и ми го наполнивте со надеж! А роденден ми е денес Нека ви е со среќа и со лесно, и што побргу сите да се дружиме во поубави теми! Поздрав специјален и до пророк @LunaGrey
Фала ти најмногу, уште поголема среќа да се враќа. Фала многу.Дај Боже кај сите. Фала најмногу, неможам јас ако не се замарам за нештоДај Боже само да си расте како што треба.Ајде да се враќа уште поголема среќа и успех И јас не сум те разбрала, извини, мислев и се обраќаш на членката погоре затоа.Нашиот пат е тој што ни го определил Бог.Не секој може да пројде по овој пат.Затоа овој предизвик е за најсилните и најиздржливите Фала мила, и кај тебе со успех и среќа. Фала најмногу.Нека се враќа кај сите Фала мила, Дај Боже да се две.Една бластоциста ми вратија.Се мислев да му речам на докторот за две, ама ди викам овој пат не му се мешам, како тој ќе одлучи така.И биднаНе сум сигурна колкави се шансите бластициста да се подели, мислев дека повеќе се случува кај тридневните, ама верувам дека може и кај бластоцистата.Ти кога ќе се почувствуваш спремна, не чекај.Знам дека понекогаш е потребно време, но јас искрено не си го дадов.И тогаш кога најмногу ми требаше не застанав.Знам дека и ти си таква и знам дека ќе успееш Фала мила, треба да ја повторам пак во петок. Фала најмногу.Истата среќа ти ја посакувам за брзо време Фала мила, Дај Боже и кај вас што побрзо.Ептен ќе се радувам
Фала на убавите зборови.Јас во текот на процесот исто славев роденден и дефинитивно ми бил среќен.За твојот роденден ти ја посакувам истата среќа а следниот да си го дочекаш со бебче.Најсреќен роденден да си имаш.Баш ти одговара знакот Вага
Леле девојки што направивте, сте го засијале форумов, очи ми се насолзија од радување Браво браво браво за сите вас Maja T Честитки другарке, кој чекал дочекал, заедно со @KonstantinaM да си имате најубава бременост, сте заслужиле @mace89 Честиткииии, со лесно @Prolett Радувај се
Може да се замолиме сите без предрасуди во темава...❤ Ајде да ги исчитаме сите постови до крај,па да судиме,ок? Си кажа девојчето што мисли и се извини..Ајде,каде ви е поддршката жени? Разочарувањето не прави слепи и глуви..ние сме сите тука да си помогнеме и кога сме слепи и кога сме глуви....❤❤ ❤❤Бравооо женооо!!! Успеа!!! Гали мешее... @melonka те поздравувам и подсетувам дека сепак треба да ВЕРУВАШ ВО ЧУДА!!! Прочитај...
@mace89 , @Prolett , @KonstantinaM , @Маја Т , честитки на позитивните резултати, со лесно и школска бременост до крај на сите На вас во процедура со среќа и со лесно до 2 цртки. Да ја надополнам темата и со мојата убава вест. Бета на 15 ден од трансфер 201,3. Се усплашив да не е ниска ама др. ми рече дека е супер. На 10ти ден ми беше 79, ама некако рано ми се виде да се радувам Ова ми беше 2 ивф (а трет трансфер по ред) и успешно. Уште не ми се верува дека и јас сум за во труднички . Посакувам сите да се радуваме и така групно да се мавнеме од темава, што поскоро
Аааииии женооо..ме оќоре оваа другава црвена линија....Браво,честитики...❤❤❤Со лесно,чекаме висока бета!!!
Вака убава темава секој ден нека биде. Прекрасни вести. Браво Честитки и со лесно да си ја износиш бременоста