@ladystardust Sreken rodenden,samo ubavini ti posakuvam.Slednata godina rodendenot da si go proslavish so bebush vo race
Јас ембрионот го видов кога бев точно 5гн, а срценце прв пат слушнавме на 6+1. Ама индивидуално е кај сите и за да не ти е малтретирање и притисок да одиш секој ден, мислам дека е најдобро да почекаш до понеделник. Дотогаш уживај! ❤️
Браааааввввоооо преубаво девојкиии, уживајте со @KonstantinaM ви посакувам само убавини до крај. Носете позитива во групава
Честитки за сите позитовни тестови. Темава ме потсети на периодот кога јас имав позитивен тест. И тогаш вака ден за ден се нижеа позитивни тестови. Еден совет ако така може да се нарече. Ако не си спремна одмори некој период. Јас после првото неуспешно ивф ( 4 години по болници, испитувања, боцкања, инсеминации) пресеков и реков не сакам да видам болница. Есноставно ми беше преку глава од се и реков дека мора да одморам. После неполна година почнав повторно со испитувања и припреми за второ. Ваучер добив, доктор немав одбрано зошто бев решена за промена. Па уште 3 месеци додека се одлучив и на крај психички спремна отидов (спремна во секоја смисла, дури и за повторен негативен). Се посветив на себе. Се дружев поопуштено, вежбав и уживав во животот. И позитивниот тест си дојде. Едноставно треба и психички и физички да сме спремни за оваа борба.
И јас сум кај Ивановски- 1 ин витро кај него биохемиска и за 2 само тој буквално ме молеше да не правам додека не направам лапаро-хистеро... После тоа не стигнав до ин витрото, ваучерот го добив и така ми стои. Останав кај него на прегледи, скрининзи и после спонтаната бременост. Презафатен е, ама детален, со многу испитувања и пред и после бременост и соодветна терапија, за разлика од матичната
Другарки денес срцето ми е исполнето со многу среќа за сите позитивни тестови и убави бети,дсј боже на сите да биде со лесно бременостите а на сите што се во процедура и што во иднина ќе бидат им посакувам господ да ги благослови со сила,храброст и никогаш да не се откажете.Тука ве чувствувам сите како семејство и дај боже на сите од срце да ви се исполнат сите желби.И што повеќе вакви среќни и убави вести да имаме тука на групава
Што убава темата Честитки на сите со позитивни тестови! Што побрзо да си чуете срценце @Ano навраќаш во темава почесто, имаш нешто во најава?
Не се, таман се и јас имав толку, сеа терам 8ми месец. Дури мислам дека и големините ми беа исти ко твојте Со среќа! ❤️
Здраво мила. Ние сме со дијагноза азоспермија. Во јуни маж ми направи микротесе во Ремедика кај д-р Александар Мицковски. Најдоа сперматозоиди, ги замрзнавме и еве сме сега тераме постапка. Ние од докторот сме презадоволни и на сите го препорачувам за ваков тип на проблем. Ви посакувам многу среќа