Еве една позитивна приказна. Моја другарка пред некој ден се породи со близнаци. Дијагнозата им беше азооспермија, направија микротесе, извадија сперматозоиди, оплодија 4 јајце клетки, сите стигнаа до бластоцисти, успешно беше од прв обид со двата ембриона, останатите два ги замрзнаа Ќе биде, не се секирај.
Здраво на сите, имам едно прашање за тие кои имаат правено испитувања после неуспешно ивф, дали може да ме упатите каде да се јавам, гледам се оди на имунологија па на трансфузиологија, се јавувате таму директно или преку матичен прво мора? И дали тие анализи ги прави и некоја приватна лабораторија кај нас или мора на клиника? Ви благодарам однапред
Здраво девојки, Денес бев на прва контрола, 6 фоликули на лев јајник од 12мм и 6 од 12мм и 4 од 15мм на десен. Се на се 16. Кажете ми според вас фали е ок. Се плашам многу од хиперстимулација
Секаде мораш со упат од матичен гинеколог. За почеток замоли да ти даде упат за испитување генски мутации за тромбофилија на Институт за имунологија и хумана генетика или за МАНУ. На Имунологија мора со термин, во МАНУ одиш кога сакаш со тоа што крв мораш сама да си однесеш - јас носев вчера, крв ми земаа во Авицена и директно ја однесов во лабораторијата на МАНУ, резултати најкасно за десет дена ќе добијам. На трансфузиологија се испитуваат фактори на коагулација, д-димери, лупус антикоагулант и АФА (антифосфолипидни антитела). На сите упати е доволно да има шифра за женски стерилитет (N97), таму ќе објасниш за што се работи и ќе те упатат понатаму. Имунолошките испитувања не ги прави на приватно, многу се скапи, а не ги покриваат сите. Јас така се зезнав, делно проверував мутации на приватно и сега морам да доиспитувам. Трансфузиолошките можеш да ги направиш на приватно, доколку не ти се чека. Дополнително доколку имаш можности можеш да провериш и витамин Д, на државно моментално за него нема никаде реагенси, на приватно е 1500 -1800 ден.
Не бе мила каква хипер. Таман си немај гајле релаксирај се не ти требат стресови слушај си го докторот баш убава бројка да ди извадите што повеке јк. Среќно
Значи кога ќе прочитам ваква ајде ќе ја кажам приказна ми се топи срцето и душата. Нека и се живи и здрави. И баш како што кажа ќе биде за сите
За ова вреди се што поминуваме Каква радост осетив кога ви ги читав позитивните тестови и резултати со висока бета, па и си поплакав.. Во сите нив видов надеж, желба за напред Честитам од срце на сите и ви посакувам лесна бременост и здрави живи бебчиња
Убав ден убави другарки!!! Поздрав до мешињата што растат,а уште поголем поздрав до тие што допрва ке растат... Ак.ј малце хелп... 6 ден ми е од ЕТ...се до вчера псекав разно разни промени и грчеви во стомакот(пишав пред некој ден) што не ми се вообичаени(се живо работеше внатре-,матки,затки,јајници,црева...)...Ама денес некако ги немааа...ми фалат,си ги барам ...чат пат ке ми помине некој жиг ама не е тоа кко до вчера... Да се секирам или не? Ајде мешковци што растете пишете нешто охрабрете ме.. ❤
Не барај симптоми, мене тоа неколку пати ми го имаа кажано, ама јас пакИ те разбирам како ти е.Јас баш и немав некои симптоми и сеуште немам, верувам дека уште е рано.Јас почувствував како некои грчеви само вториот ден од трансфер, па после околу 7ми, 8ми кога имав како кафеав исцедок.Никакви други симптоми.Затоа не мисли воопшто.И без и со симптоми имало позитивни тестови.Ќе биде позитивен, убаво ни тргна
Другарки, бев на трансфузиолог и ми препиша клексани? сега треба повторно кај матичната да ми ги препише врз основа на овој извештај? или? како иде за рефундирање?
Јас само се јавив кај матичната да и кажам дека имам извештај за клексани, да ме стави во систем и рече дека кога ќе ги завршам ќе ми издаде потврда.Ми побара само да и го пратам извештајот.Слушни се со матичната, најдобро ќе ти објасни.
Матичен општ или матичен гинеколог? А треба ли да ги купам денес? Некаде нешто прочитав со датумите на кој бил даден извештајот да биде и првата фискална?
Колку само напамет го знам одговоров а пак го поставувам неговото прашање ...пуста психа ,ке не полуди о).. Фала ти Мајче❤
Здраво мила значи не сум била само јас со такво мислење. Денеска ми е 5 ден од трансвер и мислам уште од 2 ден имам гасови пецкања во јајниц и слично. Секој различно вели секој различни симптоми има а некој и нема што читам ..... валида нас само ни се чини.....
Другарки, јас бев на преглед и официјално си "закачив" уште една дијагноза - ПЦОС. Изрод жими све, како можеше да имам и ендо и ПЦОС, unbelievable. Од ендокринологот добив да пијам метформин 1х750мг и Спиронолактон од 50мг за покачени андрогени хормони. На ехо тироидата со некоја мала микроциста, ме прати да испитам и антитела. ТСХ и ФТ4 се инаку добри. Се симнав после и кај Димитров, ми го прешкрта спиронолактон, ми рече пошто и покрај се, ние си пробуваме природно до трансферот дека не смеам да го пијам а и немам видливи знаци на хирутизам, а тој за тоа се давал. Ми рече дека метформинот ќе го регулира метаболизмот на шеќер и инсулин и да се радувам што имам големи резерви. Знам дека од вас никоја ги нема и двете дијагнози, ама некое искуство да споделите со споменатите лекови? Инаку се предомисли за природен циклус, трансферот ќе биде со контролиран и ми даде естрофем 3х2 од прв ден менструација. Секое искуство и совет ќе ми бидат добредојдени.