Здраво девојки, денес ги земав резултатите од хормони од клиничка биохемија, и дури дома приметив дека Пролактин и LH не ми испитале, а на упатот си стојат и тие.Дали е можно да немаат реагенси? Ништо не ми кажаа кога ме боцкаа. Инаку ги спремам документите за фонд, ќе можам во ноември да поднесам по вторпат, па дали би ми правеле проблем поради високиот FSH имате ли искуства? Фала ви
Јас на Клиничка бев во саботата и точно е, немаа реагенси за пролактин и ЛХ. ФСХ е висок и за втор ваучер мислам дека ќе ти бараат дополнително и резултат од АМХ. Во правилникот им стои дека за да го одобрат истиот мора да биде > 1 ng/ml. Во спротивно одобруваат ваучер само со донирани јајце клетки. Ако грешам, нека ме поправи некоја членка. Прв пат ли ти е ФСХ вака висок?
И мене ендокринолог ми ги даде спиронилактон 100 и метаморфин односно сиофор таблети 1000 во петокот поради качен исулин под дејство на гликоза а инаку сабајлето на првото мерење ми беше нормален 7 на второто мерење 110 и на третото 66 гликозата на сите 3 мерања беше ок, а спиронолактинот поради качен андростендион хормон. Јас нема пцос имам многу низок амх и ми кажа дека исулинот влијал на квалитетот на јајце клетките. Оваа терапија да ја примам месец и пол и потоа пак да ги повторам испитувањата. Од самите лекови имам поспаност и намален апетит
Да, над 40 години обавезно бараат и АМХ, дури и во случај ФСХ да е во нормални граници. Ама овде збориме за нешто друго. Колку што сум информирана, АМХ бараат и на помлади девојки, како во случајот на @CvetCvet, доколку ФСХ е над горна граница (ми се чини 12). Нејдобро да сподели некоја членка што имала искуство баш со вакви резултати. Да е под 40 години, а да аплицира за ваучер со висок ФСХ.
Еве јас. Ми одобрија со донирани поради висок фсх низок амх ама бидејќи аплицирав за прв ваучер поднесов барање да ми го променат за со свои јк и го добив. За втор ваучер не знам како би било. @CvetCvet со овие резултати секако не можеш да аплицираш за ваучер зашто ти фали лх, ќе мораш да испиташ следен месец. До тогаш јади смокви во маслиново, мака, што друго и да спушта фсх и следен месец испитај на прв или втор ден од циклус со надеж дека фсх ќе биде под 12 па да ги пратиш така без амх за да ти дадат ваучер. Што ти кажале докторите за бројот на антрални фоликули? Колку имаш? Да не имаш примано стимулации скоро па од тоа да ти се качил? Фсх знае да варира од месец во месец можеби следен ќе биде понизок Ти посакувам успех
@le.soleil Да, изгледа така ќе морам со нареден циклус да ги направам за да се комплет. Инаку на обата јајници има по 3 антрални фолекули. Лелеле во право си , јас воопшто не размислив за стимулациите ете.... Во процедура на стимулации сум со Мериоферт..... Фала ти најмногу, воопшто не ми текна, од сите маки веке памет немам.
Јас ставав како облога ама до 15 мин. и многу бавно поминуваа модриците, сега алвен и како што ти пишаа побрзо е.
Ништо тогаш, ќе си направиш нови хормони откако ќе ти се исчисти телото од стимулациите или па уште подобро ако веќе си во процес следен циклус да не ти дојде па да немаш потреба од ваучер
Само да се надоврзам, не бараат на сите што се над 40 АМХ. Не знам по кои критериуми одлучуваат на едни да им бараат, а на други не, доколку хормоните се во нормални граници. Честитки на сите две цртки во групава ❤❤❤ На останатите, што поскоро и ние да си видиме две цртки и висока бета
Пак би сакала да те прашам бидејки денес матичната ми рече дека мора прво да ми даде на гинекологија кај Тофовски, па тој како демек знае после на имунологија за што и како да ме препрати за испитување, ми рече јас не можам директно да дадам упат за имунологија?????
Јас имав многу качен инсулин и тестостерон, пред воопшто да почнам инвитро, ми ги препишаа двата. Демек ќе ми требаа 3 до 6 месеци за да ги нормализирам хормоните. Се ставив на строга диета со сирова (жива) храна за прочистување на организмот, пиев помала доза од препишаните лекови и хормоните ми се регулираа за еден месец. NB. Немам дијагноза за ПЦОС.