Се уште ништо, денес ги земав резултатите. Проблемот е што јас сум во процедура со стимулации, а потполно изумив дека инекциите кои ги примам може да влијаат на ФСХ-то. Советот е да не се прават хормони за време на стимулации,и веднаш после неуспешно инвитро.
И ме интересира пред првото ин витро по колку антрални фоликули имаше, само едно имаш правено до сега нели? И за второ за колку време ти рече да почекаш или правеше нешто и на природен циклус?
Лапароскопоја тоест бушенје на јајници?и мене ми спомнаа ама ризик е! Да водата помага за не родилки сум била јасс преубаво е
Да, немаат реагенси. И јас направив пред неколку дена и само на резултатот видов дека ми недостигаат резулатите
Дали може да се пие домашен чај од коприва невен и ајдучка трева (микс)за време на стимулација?искуства?благодарам!
Леле некои од матичниве се ко паднати од Марс. Се разбира дека може да ти даде упат, треба само да отвори Мој термин и да види кога има слободни термини. Кажи и да отвори упат за Имунологија и хумана генетика со шифра N97 и да напише генски мутации, мислење после неуспешно ИВФ, било што, на Имунологија кога ќе одиш секако прво ќе те прими доктор, ќе му објасниш за што се работи и точно ќе ти запише што да ти испитаат. Каков ГАК, каков Тофоски, да се малтретираш сега од една клиника во друга, во ситуација кога имаме по 500 новозаболени на ден од корона. Или пробај со упат за МАНУ ако и понатаму инсистира дека не може да ти даде за клиника. Евентуално во краен случај да пробаш да земеш од општ матичен доктор, ама не сум сигурна дали они можат да издаваат такви упати.
Значи веќе си почнала со постапка? Приватно? Пошто мене за првото ивф ми рекоа ако почнеш приватно, мора до крај приватно. И така и беше.
Не јас сум 30 а првото инвитро бев 29 ми побараа амх и дека ми беше ниско 039 ми побараа да испратам барање со потпис мој дека барам ваучер за со сопсвени јајце клетки нема врска годините битни се резултатите а сега за другите две инвитра не ми бараа амх пошто ми се стабилизира фсх на 8.
За првото имав по 3 антрални на двата јајника. Инаку до сега имам три обиди, две биохемиски и едното немавме развиени ембрионо. Првото ми беше преку фонд, другите две на приватно на природно модифициран циклус кај истиот доктор. Ги правев после еден циклус од неуспешниот исход.
Да приватно одам сега, уште еднаш ќе пробам, зошто дури во ноември имам право да аплицирам за втор ваучер.
Да, така ќе испадне за една цела година. Во ноември ќе можам да поднесам документи за втор ваучер преку фонд.
И јас сум во многу слична ситуација и со АМХ и со годините. И сега се мислам дали би ми дале втор и трет ваучер со сопствени? Значи даваат?
Здраво, да споделам инфо, доколку имате замрзанати ј.к. и покрај ниското амх и високото фсх одобриваат ваучер и покрај тоа што претходно имате подигнато ваучер со потпис.на мене само еднаш ми рекоа дека ми одобруваат ваучер поради ваквите резѕлати и тоа со потпис. Од тоа прво инвитро имав замрзнати ј.к. Со извешатј дека имам замезнати ј.к. добив втор ваучер идентичен на првиот...
Здраво другарки имам едно прашање,дали после првата бета испитувавте повторно или си чекавте до преглед?Јас испитав на 12ти ден по ЕТ и ми беше 413 сега ме тера нешто пак да проверувам