Не постои критериум колку треба да биде Е2 пред пункција. Нивото на Е2 кореспондира со бројот и големината на фоликулите, жени што имаат повеќе фоликули имаат повисок естрадиол, на оние што добиваат помалку, естрадиолот им е понизок. Во секој случај е добро да е висок зашто кажува дека јајниците добро работат и реагираат на стимулации, ама не и премногу висок зашто секогаш постои ризик од хиперстимулација.
Здраво, дали може да споделите искуство со боцкање клексан и пролутекс во исто време Дали ги боцкавте во стомак, рака или нога. Треба да почнам да боцкам па да знам што да очекувам. Фала ❤️❤️❤️
Здраво јас од пред трансфер и веќе 2 недели по трансфер ги боцкам во стомак,пробав еднаш во рака и толку...сега за сега ми е ок во стомак,само на почетокот ми се појавија модрици од клексанот,дали нешто длабоко ги брцкав незнам...сега е по ок со лесно
Мене нигде не ме боли во рака не ми е згодно сама неможам да стиснам и да боцнам со една слободна рака,а маж ми не може има стравови да двете ги боцкам,ама сега пролутексот и депо на 4 дена....имаше некоја од членкиве и во нога боцка,ако чита нека сподели искуство...
Јас ги боцкав двете во стомак, едната на една страна од стомак,другата на друга. Некогаш и на иста. Пролутексот го ставав на ручек време а клексанот навечер, па некогаш и на иста страна боцкав.
Јас се боцкав во стомак и клексан и пролутекс ,келксан по една ,пролутекс две дневно и тоа до 12..13.недела пролутекс,мислев ќе банкротирав од него како,како што беше кажала една членка,ама немав некои посебни болки,малку модрици,ама мали.мине брзо.,а клексанот уште во стомак.ок е сега за сега. Со лесно ајде и кај тебе
Дечки, некој да купувал скоро Пролутекс, дали знае во Систина дали го има во аптеката? Тоа и Клексаните ептен скапи биле. Јас дека не земав никаква терапија за првото ивф па ова ми е ново. За Клексаните не стигнав на време да земам упат за Трансфузиологија, ама све да биде ОК па за следната нарачка ќе земам.
И јас све во стомак боцкам и пред и по трансфер...ништо не боли,ништо не е страшно...од една страна клексан,од другата страна на стомакот пролутексот. Клексанот точно,прави мали модринки ама ништо страшно,поминуваат.... Клексанот исто така може маааалку да те запече првите 20-30 секунди одкако ке јаставиш ама веданш поминува... Доколку ти дадат Прогестерон депо,е тоа е мускулно и се боцка во бут...јас сепак не собрав храброст сама и тоа да боцкам,си ги послушав другарките од тука кои ме советуваа дека стручно лице ги боцка во бут,така и си правам ..и тоа ништо не боли да знаеш... @KonstantinaM имаме иста терапија по трансфер? јас боцкам еден ден пролутекс ,па другиот ден пауза,па третиот ден депото, четвртиот ден пауза...и после се одпочеток така се додека не ги избоцкаме инекциите 4 пати?
Пролутекс имаш во секоја аптека ...незнам колку се во аптеките од приватниве клиники ама јас ги купив од аптека Бисер во аеродром околу 400 и нешто ден.една ампула..ги има и во Виола
Вчера бев кај Железничар во две па ги немаше, а Бисер ми е подалеку. Јас мислев дека се 500 - 600 ден, ај ќе видам во Систина. Фала ти
Даа истата на 4дена ми доаѓа депо и пролутекс,а денот слободен ми е аспирин(тој ми е преку еден ден), плус 2 утрогестан навечер ,и јас депото не го боцкам сама,сега по бетата ми продолжија исто до прегледајде и кај тебе така да биде тест кога или рано е?