Да јас од Систина земам се има...не ги купувај наеднаш клексаните,во меѓу време оди на трансфузиолог за извештај...
Мене чудно ми е тој кринон гел што не ми го пишаа ,а имам и спреј некој на Л во наследство од другарка ми даде,ама и тој не ми го кажаа...си знаат најдобро,алал да им е
Па имаш утрогестан тоа е исто со кринонот. И двете се прогестеронска поддршка. А спрејот не знам што е, веројатно и тоа е прогестерон. Во зависност од тоа на кој му треба поголема поддршка според мерењето на хормонот,а на кој помала , се одредува видот. Моја претпоставка
Јас го “здрувувам” местото за боцкање со коцка мраз (видов на интернет) и речиси не чувствувам болка. Инаку модринки постојано ми се појавуваат.
Почнавме, нулта ден денес, така барем сфатив у целата збрка. Ќе биде следнава недела трансферот, па после ќе биде она што е најтешко, чекањето. Поздравче
Јас првиот пат ги боцкав и двете во стомак. После веќе имав 3 различни инекции за боцкање и не можев сите во стомак. Пробав клексан во рака и сфатив полесно ми е и помалце ме боли. Оттогаш редовно клексан во рака, а пролутекс во стомак.
Клексанот е скап, земај Фраксипарин. Истото е, само фраксипарин се дупло поефтини, а Пролутекс има и во аптека Лајф на Југодрво, чисто за инфо да споделам. Исто се 560 денари и плус ги имаат и Имприл апчињата што Таше ги препишува. Многу добро снабдена аптека.
Фала многу, за следен пат да си знам дека Југодрво не ми е далеку. Иначе, да не му менувам на Др., тие ми ги дал, тие. Фраксипарин примав сега во Чаир, ептен ми поцрне ракат, сега да видам со Клексан от, па ако може и рефундација да си земам.
Јас па се отрув од аспирини после пункција до сега секој ден сабајле... Утрогестн не ставам туку Кринон и тој секој ден навечер... 8 ден ми е од ЕТ ама така сум си сталожена,просто не ни мислам на тест,мислам дека ке истерам до 13-14 ден... Да си го истестирам трпението
Дааа...ептен сме покриени...оваа "покривкава" богами мислиш од кашмир е ( )ама се покажа квалитетна по тоа што прочитавме доста позитивни тестови и високи бети.... За арнo да е се што правиме
Ти од пункција до трансфер,јас исто пункција па се уште ,25та недела сум.до 30 ќе терам со аспиринчето. За убаво да е само ајде...трпение,ќе поминат и тие 14дена
Девојки јас сум пред пункција, но имам јака болка во заб. Дали смеам да се напијам анелгетик и кој? А притоа да не штети во целиов овој процес