Точно на 8 часа. (Јас дури и на 6 часа). Имав зноења преку ноќ ама јас примав 4х3 затоа што ендометриумот ми беше многу лош.
Со лесно нека е и успешно Не знам дали има правило, но јас го пијам на 8 часа. Сабајле и навечер на гладно ми се погодува, но не ми прави проблем, односно немам нуспојави и така терам. @ladystardust
Jas imam 6mg na den, 3x1 Ako se od 2mg Ili 3x2 od 1mg. Gi piev vo mart nisto nemav nus pojavi I posle 10 dena terapija endometriumot mi bese 10.1mm. Ne stignav do transfer gi zatvorija granicite I ne patuvav za Ceska
Јас за клексаните да прашам. Од утре и тоа имам во шема Аспирин пијам сабајле во 8. Кога е најдобро да го боцкам клексанот, во 20 часот ли?
Девојки едно прашање, дали може да поднесам документи за ивф во фондот иако во меѓувреме ми открија септум кој морам да го оперирам за да правиме ивф. Е сега, јас сакам да ми отворат картон во државна за операцијата, ми е страв ако во меѓувреме ги поднесам документите и комисијата по матичен број незнам дали проверува досие на подносителот или не. Ако проверува ќе им искочи податок дека чекам хистероскопија нели? Дали знаете дали проверуваат историја на пациентот или одлучуваат само врз основа на документите. Ако проверуваат ќе треба да почекам барем месец и ако ми одобрат ваучер, тек тогаш да закажам хистероскопија, а не ми се губи време и месеци. Совет?
Девојки сакам д апрашсм што правевте после трансверот. Мене ми трет ден денес станувам само за до тоалет некако ми е страв да се движам повеќе од тоа. Ме интересираат вашите искуства
Да, треба да се размак од 12 часа. И јас исто ко тебе ги пиев/ боцкав, во 8 и во 20ч. Аспиринот треба на гладно, па штом се разбудиш тоа прво пиј. Можеш и во 9-21, зависи кога стануваш
Не е забрането хистеро, нема што да замерат. Напротив препорачливо е да се направи. Они не знаат дека имаш септум, може чисто за проверка правиш хистеро. Откако ќе го добиеш ваучерот имаш рок 6 месеци да го искористиш. И да правиш хистеро и да го добиеш одма ваучерот ќе имаш можност да се одмориш месец, два , три, доколку сакаш. Нема што да им се појави, комисијата се доктори што се состануваат еднаш неделно и ги разгледуваат апликациите, нема од кај да видат а и не се замараат,само доставените документи ги гледаат и носат одлука, така да не се оптеретувај
Јас искрено да ти кажам си лежев...по соби шетав се симнав и до пред зграда еднаш,два пати...не ми беше така наложено,ама сакав колку може повеќе да одмарам да не ми биде шубе...еве и сега после тестот се трудам повеќе да одмарам
Благодарам на одговорот, многу ми значи, тоа значи одам да поднесам документи во фонд и да закажам веднаш хистероскопија