Сестрата мене ми кажа, ако ги ставам во стомак треба да се под агол од 90 степени. Ако ги ставаш во рака треба да се под агол од 45 до 90 степени
најверојатно зависи од склопот на документи и вашиот конкретен случај. мене ми одобрија без 4Д, но како што велиш, со хистеро/лапаро, најверојатно со објаснувањата од докторот во секој извештај (од инсеминации и сл.), возраст, други резултати, информации со кои располага комисијата, па можеби не секогаш е потребно. ако ти се брза, поднеси, нека помине времето, нека разгледаат, па и да те вратат за дополна, ќе го направиш.. со среќа..
10 ин витро процедури за 4 години и ниту една успешна ? Е стварно ми е криво сега. Сакам да си добиете бебенце веќе аман сте се изнамачиле. Убаво е што изгледаш позитивна тука на форумов, се надевам дека и во живо си таква. Да ви даде Господ што поскоро
Се мислев да не ти одговорам ама после па ќе го мислам цел ден Ти малце да ме познаваше ќе сфатеше дека нема потреба за таков коментар да пишуваш. Значи стварно ти е сувишен, во смисла, нема потреба да браниш некој или да кажуваш какви се девојките тука, затоа што јас тука ве читам и се дружам повеќе од 4 години. Друго, ич немаше да и коментирам на @Mantub ако не ме направеше некоја ко од лудница излезена цитирам ШТО СЕ НЕ ЌЕ ПРОЧИТА ЧОВЕК, хммм не се сметам за улава ниту дозволувам така да ме смета некој што не ме видел ни на камера не па во живо. Друга работа, сите до една што искоментираа дека не сум требала така да размислувам бла бла, бај д веј не реков никој да умре или слично, си кажав најнормално дека неморало до толку да се мачиме по болници и со пари и со време и со нервози и слично, можело малце да ни олесни Господ во меѓувреме, ама нејсе, секоја една го има тоа помислено или кажано барем 1 најмалце досега, ама незнам зошто така морам да се објаснувам јас сега како да првпат слушате. Како да сум измислила топла вода.
Мажов мој по протокол тера, како пишува така боцка, отстапки нема кај него Ќе кажам вечер како сум поминала
Другарки,да не знае некој кој ден прима пациенти др Елена Петковиќ од трансфузиона...(за консултација ми треба,после редовните термини што ги има,без упат) Знам читав наназад нешто среда пишуваше, ама многу има за враќање,па де била некоја од вас сега скоро... Убав ден на сите❤❤❤
Плус и три ванматерични бремености, една биохемиска, ран спонтан абортус, операција од карцином на тироида... Животот ми е сведен на одење по болници. Ама и по кафанки Често потсетувам/ пишувам за све што сум прошла у животов. НЕ за да глуматам некоја хероина овде или да барам внимание и да ме сожалуваат. Едноставно полесно ми е кога ќе се истушам овде. Сум имала и јас негативни мисли, сум била огорчена на животот, сум се прашувала што сум згрешила па вака да се 'мачам'. Одговор нема. Жално е колку парови се борат со стерилитет. Ај јас и мм сме веќе во поодминати години, ама има жени кои и во 20ти и рани 30ти год се бафтаат со ивф, операции, интервенции. Јас те разбирам што сакаш да кажеш. Можда малку пресуров беше твојот пост , но искрено и мене ми имаат проаѓано такви мисли. Не сум ги гласно изговорила, не сум напишала , но во најтешките моменти сум имала испади и сум урлала - зошто Петкана може да роди 5 деца а јас ни едно. Да не се расправаме девојчиња Темава и сама по себе е доволно стресна, болна , исрпувачка.. Впрочем и животот е таков. Наше е да се бориме, да се бодриме овде и ако може со нешто да си помогниме. Ајде Ќе има неделава некој позитивен тест?
Жено наша храбра,секоја чест за храброста што ја имаш а и за искреноста.Секоја чест за позитивата која ја шириш и затоа господ ќе те награди за твојата смиреност и трпение
Тоа сакам да го кажам , дека секоја една го има помислено или кажано тоа што го зборувам јас. Ама оти сега се најде една будала да го каже на глас и право лоша е. Не озбилно, во која смисла ви беше суров мојот пост на сите вас ? Не прашувам во никаква лоша смисла да напоменам пред да бидам погрешно сфатена оти тука бог да чува погрешно ако се издишиш и право си лош изглеа... Стварно незнам што беше толку сурово, јас со маката, вие со маката, зборовите биле сурови ? Не бе девојки, малце се зборовите, па баш треба да вадиме од нас и гнев и се, шо па ако седи внатре, да ме разболи ли ? Бубче и јас сум со хипотироидеа, и неа ја пратам на ст панагон ( знаеш шо значи )