Фала ти. Имам читано дека феминки набавуваат од Косово но ова цена ме изненади и затоа се посомневав.
Овие се ко прогестерон депо сега дали се за субкутано или мускулни незнам но без договор со докторот никако сама да менуваш
Од Косово да, Цетротиде(стимулации) ..јас лично сум ги нарачувала и користела(секако во консултација со докторот) и други феминки од тука, за други инекции не знам , немам искуство... Затоа ти викам пред да нарачаш/купиш некоја замена за она што ти препишал докторот,задолжително консултирај се со него...
Ова е исто ко прогестерон депо кај нас. За нивна замена може, но за пролутекс Не. Овие се ставаат мускулно. Инаку кај нас прогестерон депо е околу 90 ден.
Мм скоро секогаш се вакцинирал за сезонски грип. Од коа почнавме со ивф престана. Така не советуваа. Еве, 4та година како Не се вакцинира.
Мене докторка во Словенија (имунолог) кога примав втора доза на Хеп А вакцина прошлиот месец ми рече обавезно во октомври (знаејќи дека сум пред крио трансфер) да примам вакцина против сезонски грип. Баш ради тоа што се спремам за трансфер и бременост. Јас ќе ја примам, и овде се бесплатни и во тек е масовна имунизација, ја примаат и трудници.
Неколку месеци не ја отворив групата, ми требаше одмор, Детално не прочитав се, Но се радувам со вашите успешни приказни, а уште повеќе сочуствувам со неуспешните. Си реков ај да направам хормони, на трети ден, и ми излезе fsh височко, 9,6. Никогаш толку високо. Чаре?!
Почитувани колешки по мака, ако правиме долг протокол и се гледаме прв пат со докторот на 21ви ден во циклусот, дали ќе има ехо?! прашувам дали можам да скокнам едно депилирање, пошто следниот циклус сигурно ќе има ехо следење повеќе пати, па пункција, трансфер дај боже итн. и тогаш секако треба да сме издепилирани извинете за глупавово прашање хаха
Не е глупаво прашањето. Е сега, со долг протокол не сум била, не знам, ама јас некогаш кога морам и одам не толку средена. Згодно-незгодно, тоа е. На толку многу прегледи... Ич не ги можам тие кремите, веднаш пак ми растат и ме чеша. Не му се секирај, виделе они све и свашта