Браво мила, со среќа и со лесно до крај, те чекавме сите да пишеш и да го разубавиш форумов Радувај се и уживај, после толку време не да си заслужола да се радуваш, ма да скокаш од радост
Честитки Мајче, ептен ме израдува, знам колку беше воздржана до крај да не направиш тест, трпението вредеше. Имај најлесна и безгрижна бременост, радувај се секој ден !
Девојки денеска ги дадов документите во фондот, на копиите од документите не ми ставија печат ми кажаа дека веќе не ставале печати на фотокопии. Ја прашав жената што ги зема како што понатаму само ми одговори ќе ти се јават, ништо друго не ми кажа си отиде. Ве замолувам некој да ми објасни сега што понатаму знам дека се чека 1 месец или повеќе, има ли некој број да се јавам да прашам дали ми одобриле. Ви благодарам
Честитки мила, баш те мислев, ме израдува многу. Со среќа да е, со лесно да ти мине бременоста до крај.
Мила еден куп бебиња од борн периодов...знаев дњка и ти ќе успееш гали меше и лесна бременост...пс.важи и за тебе она месец на маите
Не би требало да не ставаат печат, но нејсе, јавувај се на телефоните на ФЗО страницата кај делот за инвитро постапка (сите врти ги слободно и прашувај). со среќа!
Лелеее душо да си се радуваш. Честиткииии.Да си уживаш сега, заслужуваш, гали меше и со лесно до крај
@Twins256 Браво браво, просто прекрасно! Се' да си тече во најдобар ред п.с: Штом ги средивме Маите, сега е ред и на нас Ацтеките
Мила и на мене не ми ставија печат на копиите, истото ми го кажаа и на мене, само имав печат на копија од барањето кога сум ги поднела документите. Ќе почекаш месец дена после слободно врти на броевите што завршуваат на 016 и 068, ги има на страницата на ФЗО оддел за инвитро. Ваучер ми одобрија а во клиника кај што го правев инвитрото ми ги прифатија копиите без печат од Фондот Со среќа и брзо да ти одобрат
Ај и јас да се пријавам: вративме 2, едното побрзо се развива, другото побавно, многу сакам близначиња машко и женско. Ми рекоа да јадам и да лежам првите 3 дена, уште сега се осеќам као мецана. Поздрав дечки, секое добро.