@Twins256 ,душо, честитки на позитивниот тест, со лесно до крај. И сите други што чекате да се израдувате Моето за жал, не било пишано сега да биде. И покрај растечката бета, немаше правилен раст и развојот застанал рано. Малку да се одмориме, па со нови сили напред. Ве сите за прекрасната енергија и поддршка што ја давате
Многу ми е жал мила, оваа ситуација повеќе боли, за разлика од негативната бета. Што и да кажам, нема да ја стивне болката. Те
Чисто онака за мене сакам да си проверам, фертилиминот секако ќе го пијам. Колку за споредба да имам после терапијата.
@_Vera_ .... Не очајувај драга...знаеш дека секое лошо за добро е..така требало да биде...похрабра и појака кон нова битка..Секој збор е излишен,но барем мааалку дава надеж за понатаму... Те гушкам❤❤
Фала ти мила Некако немам храброст за порано да направам. Вака немам избор, ќе морам 13 ден од ЕТ ќе биде со бластоцисти.
Јас, симптоми лудило, одам да ме боцнат прогестерон и као све ме боли, лево десно ме штрека. Изгледа од лежење, ама пуста психа. Иначе слично сме, викам овој продолжен викенд ептен продолжен испадна, кој ќе издржи 2 недели.
Девојчиња јас сум подобро.Ми прекина крварењето, сега имам само како кафеави траги на бришење.Се извинувам што не ви пишав до сега, ама мислам дека светот ми се сруши.Ги прекинувам клексаните од вечер.Утре треба да испитам хемостаза и ддимери, така ми рече докторот.Може да испитам и бета хцг.Сеуште не можам да се смирам.Се плашам како ќе биде во текот на ноќта.Изгледа ништо не оди така лесно.Само Господ да не чува.