Сигурно ти е тешко, но пробај колку што можеш да мислиш позитивно и да не си правиш стрес. Како што ти кажаа претходно, може да е хематом. Стискам палци да е тоа Господ да ти даде повеќе сила за оваа вечер и утре да ни пишеш дека бетата расте
Душичка, баш ми е жал низ ова што поминуваш, секое крварење исобено во рана фаза е загрижувачко. Добро што ти кажал докторот да испиташ ддимери и хемостаза, се надевам дека е до тоа, само повеќе мирување и верувам дека ќе се смири. Со тебе сме мила!
Мила сега те читам и баш ми е мило што си сега добро. Добро е што престанало крварењето сега лежи си и мирувај. Потполно те разбирам знаеш и мене ми се случи истото пред некој ден ама помина. Инаку и мене на неколку пати после тоа кринонот ми излегува во темно кафена-црна боја од крварењето што останало. На ехо те виде др?
Мене ништо не ми дадоа, жената само ги зема документите ми рече ќе ти се јават и толку. Да не имам сега проблем, немам никаков документ ни печат на нешто дека имам поднесено ???
Ти благодарам мила, ова навистина било многу тешко.Не бев на преглед, докторот ми рече да се боцнам со пролутекс, а примам и утрогестан.Имам закажано преглед на 30ти, се надевам ќе биде се во ред.Сега мислам дека би било многу рано за да се види срценце.Тебе што ти кажаа од што било крварењето?
Многу ви благодарам на подршката и утехата што ми ја давате, навистина незнам што би правела без вас и сите кои ме мислите.Навистина поминуваме низ многу тежок пат.Се надевам ќе биде добро и моето јуначе ќе се избори.Ви ветувам дека и кога нема да бидам дел од темата нема да си заминам од вас се додека сите не ја напуштите оваа тема трудни
Лежи сега, помалку движење а туширање кратко и не со жешка вода. Супер штом ти престанало, ќе бидеш во ред. Се' што требало си направила. Смири се сега, кафеави траги се заостаната стара крв, значи нема свежо крварење.
мене ми го препорача матичен и ги земав скоро цела година ама некако немаше некој ефект без разлика што секој месец си имав бар по еден фоликул не стигнав до трансфер
Другарки здраво, честитки до новите мами на другите ви посакувам многу успеси Синко ми наполни годинка сега за час ќе летнат тие уште 6 месеци а јас полека некако собирам храброст психички, финансиски за нова постапка. Немав замрзнато ниту ј.к ниту ембриони зошто имав само 1 кој сега спие Некако ми мати есап пак истиот пат хормони боцки... Мм вели одма од кога ќе минат 18 месеци да припремаме документи и да пробаме пак ама незнам дали ќе сум спремна...
не знам каква дијагноза имате Адамс ,но познавам 3 мајки од мое опкружување кои правеа ивф за првото дете а со второто останаа природно трудни. дај си време,можеби ќе биде...се обидувате ли? што и да се одлучите , направи го тоа кога ќе си спремна. секое добро
Ако добро се сеќавам, мислам дека и вие бевте со азоспермија така? Јас би ти рекла да си почекаш, ти кога ќе бидеш спремна, тогаш. Сепак најголемиот товар е на нас. Ама имаш време секако, можеби за 6 месеци поинаку ќе размислуваш. Сега гушкај си го малиот и уживај
Девојки кај мене нема трансфер овој месец. Имам развиено хиперстимулација. Сеуште сум со болки, но секој ден е подобро. На прв ден од циклус почнувам со ЕСТРОФЕМ, а за понатаму незнам, тоа ќе се договориме дополнително со докторот. Сега кажете ми фали после стимулацииве и пункцијава циклусот доаѓа редовно? Градите сеуште ми се болни, до кога вака? И кажете ми за трснсферот дали се чувствува нешто или е тотално безболен?
одма нареден циклус трансфер? зошто не одмориш барем 2,3 циклуса, после хипер да здивне телото. Докторот ти кажа нареден циклус трансфер? некој добива менструација одма некој не, кај сите различно. мене ми се помести циклусот,добив менстрација после две недели мислам(откако ми беше негативна бетата ) те болат градите од прогесеронот , ќе ти поминат штом се намали неговата концентрација. трансферот е безболен,ништо не се осеќа,катетарот е многу тенок.
Мила само заради тебе се логирав. Од срце ти честитам, лесна бременост да си имаш. Кога прв пат пишав во темава и бев "нападната" од некои членки ти беше првата што ме сфати и ти реков дека златно срце имаш. Ете добрината со добро се враќа, остани ми позитивна и само радости да си имаш во животот. Те гушкам и се радувам за тебе
Па така одлучи докторот. Имам блага хиперстимулација. Левиот јајник формирал некоја фоликула и мал излив имам ама тоа е сосем малку, така ми рекоа. Незнам што е најдобро
Девојки за жал немам среќа ни овој пат. Само две ј.к извадивме( од седум фолекули) другите празни, но не беа добар квалитет. Продолжува борбата здравје за два-три месеци. Во секој случај фала ви уште еднаш убавите желби. Ви ја пуштам мојата среќа на вас