Навистина многу ми е жал, ама еднаш барем една мора да биде со добар квалитет.Верувам дека правиш се што треба и пиеш суплементи но само еден совет, да си земеш убиконол од поголема доза барем 200 мг.Постојат многу истражувања кои укажуваат на тоа дека има големо влијание на квалитетот на јајце клетките.Можеби постојат доктори кои сметаат поинаку, но вреди да се проба.
Ништо не се осеќа, не се секирај за тоа. Трансферот е најлесниот дел и кратко ептен трае. Мене докторот ми го намести екранот да гледам и се ми објаснуваше, дури и интересно ми беше Ќе си полежиш после таму околу саат време и си идеш.
Девојки, се надевам добри сте сите. Јас после вториот неуспешен трансфер си дадов мал одмор и не ве следев редовно. Ми се насобра за читање, почнав и видов убави вести, се надевам сите се такви На сите со позитивен тест им посакувам лесна бременост. Јас решив да продолжам кај Трајковски и на негов предлог направив хистероскопија. Открија мал септум кој го отстранија. Прашање ми е дали сега треба да го поднесам тој извештај за ваучер. Не знам како размислува комисијата - ако во ова го гледаат проблемот за незабременување, дали може да речат дека сега сепак треба да пробаме одреден период природно или со инсеминации. Од друга страна сега правам 40 и веќе имам бременост зад себе. Имам 4D извештај во кој си стои дека се' е уредно и не е спомнат септум. Да го поднесам извештајот за хистеро или не? Дали го поднесувате само извештајот за ХСГ или и рентген снимката? На еден од документите освен АМХ имам испитувано и друго и многу ми се лоши резултатите за вит D и хемоглобин. Дали знаат да се закачат за вакви работи? Имам и понови резултати во кои ова е подобрено, ама се двоумам да поднесам плус работи, да не настане хаос. Што би ми препорачале за овие дилеми?
И јас имав хиперстимулација, ама од тешка форма. Мензис добив 3 недели по пункцијата со нешто пооскудно, но пролонгирано крварење. Па, следниот мензис ми беше после 5 недели. Трансфер ме советуваа барем после 6 месеци од пункцијата.
Сега сум збунета... Незнам што е најпаметно. Па најверојатно знае докторот што прави.... Незнам стварно
Не верувам дека ќе биде по природен пат мм е со азооспермија јас имам непроодни канали.. Ти благодатам на поддршката
Да со азоосперимија сме, во право си за 6 месеци можеби ќе ми се смени мислењето и нестрпливо ќе чекам да почнам. Гушки и од нас до тебе
Одма после пункцијата ти кажаа дека тие две ј.к. не се со добар квалитет или наредниот ден? Дали пробале да ги оплодат? Каде правеше ивф? Жал ми е, храбро понатаму.
Досадувај му со прашања на докторот што те води, нека ти ги објасни ризиците од трансфер после хипер и нека ти објасни све што те мачи. Тоа му е должност, а и ти така посигурно ке се чуствуваш. Хиперстимулација е сериозна состојба-која се решава, но си треба време за да хормоните се врат во нормала. Не се решава магично за неколку дена, треба да поминат минимум два менструални циклуси. Ти посакувам успех и спокојство што и да решиш.
Фала ти мила, ќе биде секако, се во свое време. Да, после пункцијата ми кажаа дека се речиси дегенеративни и во тој случај не ги ни оплодуваат. Инаку сум во Ремедика.
Незнам искрено мене тој човекот ми вика еве ова ти е доказ дека си поднела, а јас два пати го прашав за на копиите печат да ми стаи ама вика не ставале веќе тоа доволно ми било. Врти ако не на бројот да прашаш. ❤️
Welcome back, @Adams . Имаш време уште да се подготвиш. 6 месеци се во прашање. Па и не мора баш на датум да е... Ќе биде, ако е заедничка желбата ќе си најдете заедничко решение кога да стартувате. Ти посакувам среќа
Мене во фонд во мојот град ниту печати ми ставија, ниту број некаков архивски ми дадоа, оа се си беше во ред... Не се оптоварувај со тоа. Ај дај боже побрзо да си го добиеш ваучерот
Само извештајот хсг го поднесов, без снимката. Аплицирај само со хсг и 4д , не мораш со хистеро. И не давај ништо плус од тоа што ти е побарано. Витамин д не бараат. Амх ќе треба заради годините и хормоните знаеш кои од трет ден. Крвната слика мислам дека не ја ни гледаат толку, хемоглобинот. Пешачи, движи се, оди на чист воздух на планина, одма ќе ти се подобри хемоглобинот.
Не сум имала слични дилеми, ама ќе ти го кажам моето мислење. Од тос што досега сум прочитала овде, не сум сретнала на некој да му предлагаат да почека или пробува природно... Мислам дека работата им е да проверат документација дали исполнувате критериуми и сл... Возраста што ја спомнуваш е доволна, нема што тие да предлагаат да чекате. Јас хистероскопија правев во меѓувреме откско поднесов док. и не бев доставила од неа, а и за второто ивф не ја праќав таа документација, но немам совет дали треба или не. Од хсг пратив извештај, без слики и во ред беше. За дополнителните документи за вит.д мислам дека не треба да ги земаат во предвид, си има листа на критериуми што треба да се исполнети. За амх мислам дека треба да си го поднесеш. Среќно
На Ти благодарам многу. Ги средив јас веќе, постари резултати ми се. Ама направив грешка во Авицена, требаше да ми ги издадат како посебен резултат, а вака се сега заедно со АМХ. Ама чим не гледаат тоа, не е страшно.