@Bebee1 cestitki lesna bremenost da si imas @Nade-sunrise ti pustam sreka za visoka beta te guskamm ❤❤❤
Девојки оваа среда сепак нема да биде среќна за мене. Бетата е негативна. Тоа е... Повеќе среќа нареден пат
Неееее Толку бев сигурна дека ќе биде позитивна. Уфф, немам зборови како са те утешам, ама знам дека следен пат ќе биде
Многу ми е жал. Исплачи се, извикај се, после собери се. Со нови сили до нови победи! Утре е нов ден, нова надеж. Идат подобри денови и денот кога ќе го огрее сонце секој што го чека и се надева на него. Те гушкам ❤️
Оф, колку ми е жалА те чекав денес да пишеш убава бета, дури бев сигурна дека ќе биде позитивна.Ајде само храбро, ако ти е тешко дозволи си денес да ти биде, ама од утре со нови сили.Следниот пат ќе биде, ќе видиш
Жал ми е девојче и браво за храброста одма да ја споделиш веста со нас и за оптимизмот што го шириш. Среќата ќе ти се насмевне многу брзо, ќе видиш. Ако не ти е проблем, можеш да споделиш што примаше од терапија по трансфер?
Не се разочарувај мила, што е твое ќе си дојде, како и да ќе дојде друга среда што ќе биде среќна дури и посреќна.. Пс. Биди храбра и верувај те гушкам
Оф, многу ми е жал, но главата горе ќе биде среќно нареден пат. Ќе си дочекаме и ние кога тогаш да се радуваме.Само храбро и трпеливо
@Nade-sunrise Ееее..а толку се надевав и посакував висока бетааа Но како што пиша,уште посилна и похрабра понатаму во нова битка!!❤❤ Мораме на се са бидеме спремни мила,нема откажување... Одмори се малце ,главата горе,пд утре нов ден,нов почеток!!! Те гушкам❤
Со среќа мила, и јас закажав за 4ти за преглед да видиме дали ќе каже хистероскопија или не, пиши како си прошла
Девојки, за тие што поднесуваа за ваучер, јас вчера бев и поднесов, и тој вработениот ме извести дека секретарката имала Ковид и дека во следните три недели немало да се состане Комисијата поради секретарката. Малку ми беше чудно што неа ќе ја чекаат но ете, чисто да знаете дека во брзо време нема да има состаноци. На сите ви посакувам среќа
Мила жал ми е нај искрено Девојкиве веќе ти пратија поддршка, а јас освен што ти праќам огроомна поддршка, ќе ти кажам дека знам како ти е...поминувам низ истото секој месец Амаа, едно големо амаа, јас знам дека сум блиску до тоа да станам мама, па така и ти ќе си размислуваш! Ја вртиме приказната од другата страна, после ова тагување и мало разочарување, ти секако ќе успееш, нема некоја што не станала мама Не пишувам колку да пишам нешто, искрено го мислам сето ова Колку пати, тргнувам од себе, се разочарав и откажував но на крај сфаќав дека мојот момент не е дојден и научив стрпливо да си чекам. Јас наај силно те гушкам исто како да си ми другарка и да те познавам, и глава горе, еднаш пишав тука и ќе пишам пак, по храбри девојки нема како што сте вие во групава!
Јас се изненадив како може секретарката да не е менлива, зар толку нема кој да ја замени и да тече работата како што треба! Кај сме измачени со чекање и правење тестови па сега и ова да се одложува