они ги спремаат барањата и им ги предаваат, комисијата само доаѓа,разгледува и си оди. сигурно и другата е во самоизолација, една карши друга седат...
По резултативе претпоставувам дека испитувањата си ги правела во Хемолаб и ги читал Кочо Димитровски, кој е имунолог. Благо се покачени IgA антителата, а те пратил да направиш микробиолошки брисеви и уринокултура зашто се сомнева на инфекција. Бактерии/вируси можат да индуцираат автоимуни состојби во организмот. Антифосфолипиден синдром (стекната тромбофилија) и системски лупус претпоставувам не е, бидејќи сите други параметри се сите мирни. Направи микробиолошки и уринокултура, па ќе видиш што ќе ти каже во однос на терапија.
@feminka#11 jas za zal ne mozam da ti pomognam ne sum pravela sigurno nekoj sto znae ke ti pise. Ako moze da mi kazes kade se proveruva da proveram i jas?
епа супер си , немаш ни една мутација провери си брисеви за секој случај, ако има нешто,ќе се среди со антибиотик. и јас имам неуспешно ивф. може и да е се во ред со тебе, може баш ембриони што не се хромозомски добри ти префрлиле. за жал многу неправилни имаме, може и повеќе од правилни јајце клетки. ептен е на среќа работава кај нас во Македонија. Баш читав во книгата што ја имаше постирано @le.soleil , од 12 оплодени ембриони може на пример дури и 8 да се неисправни. А кај нас го нема тоа тестирање кое покажува кои се кои. И може човек 8 пати да прави трансфер и баш тие 8 неисправни ако ги враќаат во матка, никогаш нема да е успешно,или нема да се имплантираат или спонтан ќе настане.
Да, во Хемолаб ги правев, имам пред една година испитано микробиолошки тогаш беше во ред но пак ќе испитам. Фала на одговор
На овие испитувања ме упати др. Петановски и се испитувале доколку има повеќе неуспешни ивф. Кај мене не доаѓа до имплементација на ембрионот. Имам 3 неуспешни ивф инску ги испитував во Хемолаб.
Да, веќе незнам уште што не сум испитала се е во ред но ете несака, се надевам следен пат ќе имаме среќа
Девојки ви благодарам на сите за неизмерната поддршка Се си има свое време, ете сега не бил моментот. Но додека постои утре, постои и шанса. Наше е да се бориме. Еден ден сите ќе ја постигнеме целта и ќе си ги имаме сонцињата во раце. Ве гушкам сите, златни сте си знаете
После пункција почнав со аспирин секое утро, естрофем 3х2, пролутекс секој ден, кринон гел и после трансфер плус клексани. Дополнително пиев метилфолат 400 мкг, ПренатаС, Б12, витамин Д 2000 ие, витамин Ц 1000 мг.
Немам испитано а какво е тоа испитување нк клетки во матка, како да побарам со упат се оди кај др. Јани?
Девојки ова со ковидов почна да ми влијае прилично стресно. Утре ќе одам на мерење ендометриум и да се договориме кој ден би бил ЕТ. Што ако ми испадне некој од најблиските или недај Боже јас да се заразам не би сакала да ги одмрзнеме, а да не дојде до трансфер што мислите?
Тоа храбра жено..само така да мислиш..само позитивно...се одека сме полни со елан ,ентузијазам и позитивна мисла, нашите 5 минути само што не тропнале на врата!!!❤❤