Вчера видов објава на еден доктор од болницата Bahceci од Турција, успешна бременост со амх 0.01 еве слика
Баш убава објава. Реално, ако се’ е во ред, не само со ивф, туку можна е и природна бременост со толку ниско амх. Но, треба да се погоди јајце клетката и циклусот и затоа не би требало да се откажуваме (и самата да се охрабрам бидејќи ептен сум down).
Ми стави тој вработениот приемен штембил не еден од копиите што ги носев, незнам зошто не ти завериле прием? Каде ги однесе?
L*G si gi kontaktirala nekogas ? sega im ja razgleduvav stranata, se iznenadiv sto imaat ivf centri vo Kosovo i Bosna
Здраво девојки, долго време се немам вклучено на форумот зошто немав што да кажам искрено Сега имам многу прашања зашто сум 8ми ден од трансфер - прво инвитро сигурно сите имате поминато низ тоа што поминувам јас па претпоставувам можете да ми ја смирите психата овие 2 дена стомаков ми е подуен повеќе од претходно и дури осеќам некои грчеви највеќе се осеќаат кога се движам. Што мислите?? Ви благодарам, и на сите ви посакувам многу среќа во која фаза и да сте
Девојки да ве прашам некоја дали почнала со постапка а да е прогрестерон еден нели треба да е под 0 една пријателка почнала а јас знам секогаш ми беше под 1 кога почнував или не влијае многу тоа?
Ти посскувам успех мила За некој ден висока бета Нема правило тука, дали имаш или немаш.. Кај тебе ти посакувам да се од имплантирање и да е успешно. Мисли позитивно, повеќе трпение, гледај серии, читај книги да ти помине времето за да не бараш симптоми
Девојки да ве прашам каква е постапката за скречинг на матка, се лежи во болница или те пуштаат дома одма?
Ти благодарам мила, се трудам колку што можам ама некогаш е посилно од мене се надевам на позитивен резултат за некој ден
Знаеме затоа и сме тука сите, сите поминуваме низ истото..Кај мене обично првите денови не барам симптоми, ама како поминуваат деновите, колку и да несакам да мислам, пак ми оди таму паметот. Само трпение, ќе поминат деновите, пишувај ни тука и те чекаме за некој ден со висока бета
Јас правев скречинг заедно со хостероскопија во Њуборн.После интервенција лежев можеби околу саат два таму и си отидов дома.Не се лежи во болница за скречинг, односно само кратко некое време после интервенцијата.
Истите симптоми како јас што ги имав...плус почесто мокрење и натечени гради,не толку болни..само на допир... Ми мириса на II..❤❤ Пуштам среќааа!!!
Јас правев во Ремедика,после интервенцијата некаде околу 2часа си полежиш во соба,после дома.Ти кај ќе правиш? Среќно!
Здраво, супер е докторот, сум била и кај други ИВФ специјалисти,но он најмногу ми остави впечаток..за закажување не се чека многу, додека на термин знаат да доцнат, доста гужва е секогаш..