Исто и кај мене е доста почесто мокрење и натечени гради... Фала ти мила се надевам и јас на || Дај боже кај сите што го чекаме тоа
Мила има два вида на скречинг едниот е во амбулантски услови а другиот во склоп на хистероскопија. Јас правев во амбулантски услови исто како обичен преглед,5 минути највеќе и веднаш си отидов.Не е болно само малку незгодно ама ништо страшно. А ако прават во склоп на хистеро,си одмараш 2-3 саати во соба и си одиш после
Ги однесов во фонд на здраство кај црвен крст, жената што дојде да ги земе документите само набрзина спремни ти се документите сите, јас да да, дај ми ги, ги зема и си тргна да си оди јас по неа нешто печат да ми ставите на фотокопиите само ми рече не ставаме печат ќе ти се јават за 1 месец и си отиде ни 2 минути не траеше тоа. Ѕвонам на броевите што се на страната никој не се јавува... Се надевам не сум баксуз да се утне нешто...
Препорака добив од роднина која со многу ниско амх и неколку неуспешни ивф во различни држави, отиде во Истанбул, со прв обид и само 2 добиени ембриони, на 40г доби ќеркичка, која денес има 4 години, и отиде повторно лани и повторно само два ембриона доби уште една ќерка. Кога сакав јас да ги контактирам и отидам, позатвараа граници, и случајно ми испадна да отидам на консултација во Ремедика, па сега ќе си ја пробам среќата со последниот ваучер. Ако не бива, би отишла во Приштина или Истанбул. Ги следам на инста и им се восхитувам на успесите.
Девојки дали после стимулации и пункција имавте промена во циклусот. Кај мене е многу пообилно. Има ли место за паника или се тоа е нормално?
нормално е. мене ми доцнеше па кога конечно добив, цели 10 дена ми течеше само малку и кафано па после тоа едно 3 дена обилно. кај секој е различно. некои имаат оскудна а некои обилна менструација после постапка, не се секирај.
Фала ти многу ме опушти. А иначе мене ми дојде цела недела порано, односно после 1 ипол недела по пункцијата
Здраво девојки, женички Да ви се придружам и јас во темава. Маж ми е опериран пред 3 години од тумур на тестиси каде што едниот тестис му е изваден и следеше период од 3 месеци хемотерапија. Пред самата операција остави сперма да му замрзнат. Веќе година дена се обидуваме за бебе но ништо. Вчера направи спремограм и како што очекувавме резултатите се лоши, дијагноза oligoasthenozoospermia gravis. Др.Панчевски од Систина ги виде резултатите и ни кажа со овие резултати бидејќи се веќе 3 год поминати од операцијата и терапијата да одиме на ИВФ. Ме интересира кои се испитувања треба да се направат во оваа ситуација и која е процедурата како и која цена е ИВФ во Систина. Секако наредната недела треба да се видиме со Др.Панчевски да ни објасни се, но сакам да знам што да очекувам. Би ви била многу благодарна доколку добијам некој одговор, совет... П.С. Се извинувам на долгиот пост, но сакав колку толку да ја објаснам нашата ситуација.
fala na info, bas denes pocnav da gi sledam sekako mislam deka Istanbul se najuspesni no ubavo e da znaeme deka i vo blizina gi imame Ti posakuvam uspeh ovde , srekjno <3
Девојки , ве молам за одговор како поактивна тема, прашањето го префрлив овде од темата спонтан абортус. Ве молам да ме извините и ако ве вознемирува темата да не го отварате спојлерот Спојлер
Здраво, ќе ти одговори сигурно некој со поголемо искуство, но јас како што знам не треба да се чека многу. Можеби подобро уште денес да му се јавиш и на докторот кај што правеше инвитро и тој да те упати. Со лесно мила
Ние правевме со смрзнати сперматозоиди ама не вп Систина во Плодност, така за цена незнам да ти кажам, ама можиш доколку сакаш и преку Фонд да одиш,само ќе ги доставиш и документите од биопсијата и од операцијата. За постапката кога ќе бодеш се готова со стоп инекција, на тој ден на пункцијата ќе одмрзнат и ќе оплодат. Утредента ќе ти се јават да ти кажат колку се оплодиле.
Следно во ситуацијава е да направите консултација со ИВФ специјалист. Штом имате замрзнато сперматозоиди во Систина, најпрактично е да закажете преглед и консултација кај еден од докторите што работат ИВФ таму - Лазаревски, Ивановски или Поповиќ, Палчевски колку што знам не е ИВФ специјалист. А зашто не аплицирате за ваучер - со таа дијагноза одма ќе ви биде одобрен, без додатни интервенции (инсеминации), нема потреба да одите на приватно. Документите се средуваат за месец дена, ги пишува на страната на Фондот за здравство (хормонален статус, крвна слика, ПАП, микробиолошки брисеви, инфективен скрининг, ехо, спермограм...). ИВФ процедурата е иста без разлика на дијагнозата - по договор со избраниот доктор каков протокол ќе биде применет започнуваш со стимулации (хормонални инекции), следува пункција, па оплодување на добиените јајце клетки и трансфер на ембриони. На темава има повеќе членки со успешни ин витра, чиишто партнери имале иста или слична дијагноза.
Свекрва ми работи во Систина и поради тоа се одлучивме за таму. Операцијата на маж ми и терапијата исто беа во Систина. Јас бев кај Панчевски ми зема ПАП ги чекам резултатите, на ехото се е во ред. Свекрва ми е блиска со Панчевски и затоа прво со него ќе се консултираме па потоа мислам дека ќе одиме кај Поповиќ по препорака на Панчевски. Ги чекавме првично резултатите од спермограмот затоа јас направив само рутинска контрола, па сега ќе видиме што понатаму...
Женски, дали тие што пиеле естрофем 2x2 после IUI или IV, после една недела од интервенција дали сте почувствувале болки во градите, тежина и грчеви во пределот кај јајниците како пред добивање? Дали хормонот го прави тоа се прашувам, бидејќи е дупла доза.
Го препорачувам. Во рок од 8 месеци моментално сум во трета постапка кај него. Нема да одвои многу време на разговор, но за најважното е посветен.