Jas nemam nikakvi simptomi, go pijam veke od 20 oktomvri I toa 3X2, samo prvite 2-3 dena imav glavobolka dali bese od estrofemot Ili ne ne znam
Док Поповиќ е многу добар мене еднаш ме прегледа кога док Ивановски беше на пат многу бев задоволна од Поповиќ
Друшки соборки, на сите тазе труднички ви честитам и ви посаакувам со леснотија да си ја износите бременоста, на сите во постапка успех,а на Нас другите наредниот пад да ни биде последен и да се преселиме во друга многу поубава тема. Речиси две недели како ми е одобрен ваучерот на два памети сум каде да правам ин витро. Знам дека секој го фали докторот каде што има позитивен исход. Конкретно ме интересира за Плодност. Ке ве замолам за ваше искуство со Таше.
Zdravo Jas lani pravev 2 pati vo Plodnost I pokraj negativniot rezultat sepak bev mnogu zadovolna od celiot tim, posebno od embriologot Stefan. Ako te interesira poveke prati mi poraka. Pozdrav
Јас сум задоволна од Плодност. Имав прво успешно инвитро. Докторот не зборува многу, но добив впечаток дека знае што да направи. Се' што требаше ми објасни, се' што не ми беше јасно го прашав и ми одговори јасно. Продолжи да ми ја води бременоста, уште сум задоволна и го прашувам се' што ме интересира. На Вибер е достапен. Во болницата е секогаш присутен, и во недела да треба да одиш тој ќе биде тука. Досега не ми се погодило да бил на одмор или да има слободен ден. Прегледите ми ги закажуваше често на почеток на бременост, што лично ми одговараше. Е сега, има чекање. Има многу за преглед и со резултати, некогаш ќе го викнат итно горе... обично околу час време чекам секогаш. Често го спомнуваат и Стефан ембриологот задоволните оттаму, човек-злато е. Премногу е посветен. Секој ќе ти каже различно. Моето искуство е тоа, некој не бил задоволен а имал подобро искуство во друга болница. Најдобро е да одиш барем во две клиники на преглед, па да си одлучиш според впечатокот. Мислам дека секој си кликнува со различен карактер на доктор. А за сите ивф доктори сум убедена дека си ја знаат работата. Со среќа во постапката!
Фала,с Фала на одговорот , уште немам ваучер во постапка сум ,дали ќе треба со ваучер или да закажам уште од сега?
Ваучерот важи и за систина. Поднеси барање , ќе добиеш ваучер и искористи го во систина. На приватно да правиш ивф без ваучер е околу 4000€ Со ваучерот е многу помалку од тоа, само терапијата пред и после трансфер ќе треба да си ја платиш ти и евентуално замрзнувањето на ембриони, околу 1000€ може да е се тоа вкупно,зависи.
Ане гледам другите девојки одговорија дека не им ставале печат ниту на нив, а сега џабе вртиш бидејќи едната секретарка има ковид, па сите овде мислиме дека и другата е во самоизолација и затоа не се јавува никој, ако нешто дознаеш или ти се јави некој, пиши, да знаеме и ние што чекаме дали нешто трнало или уште ќе чекаме
Девојчиња, на 8 месецов ги поднесов документите во фондот. Пред малку бев во фондот да прашам до кај се бидејќи на телефон никој не се јавува. Таму ја најдов секретарката Несрин и ми кажа дел од комисијата се во изолација НО сепак тие се состануваат (останатите). Ми кажа дека денеска имаат состанок така да или вртете денес, понеделник или најдобро идете дирекно прашајте си. Бидејќи телефоните без престан им ѕвонат но секако нели не се јавуваат. На сите позитивни бети им честитам од срце, а на останатите како мене побрзо да ни го одобрат ваучерот
Девојки да ве прашам што суплементи зимате за подобрување на квалитетот на јајце клетките и дали на своја рака ги зимате или по препорака од гинеколог?
Најпозитивно на свет. Само што излегов од преглед. Двојна радост носам второ ИВФ кај него, второ успешно. Од срце ти го препорачувам
Честитки и со лесно до крај мила.. И на другите кои не сум честитела, честитки и на останатите се најдобро.. Гушки многу
Сопрругот нека се стави на диета,мускул крвав телешко крваво,риба 2 пати во недела .да пешачи во природа,да јаде јаткасти плодови,и мажотми беше со иста дијагноза и за 3 месеци видни резултати на успех имаше!
Маж ми е слаб уште диета му фали. Сопругот твој е со иста дијагноза од спермограмот или исто има и операција правено ?
Погрешно свати,тој нема да ослабе со тоа јас што пишав на диетаа,туку ке исфрли се што е штетно за организмор за да биде плоден!нема операција првено сопругот мој,само 7 години ја имаше таа дијагноза,др трајковски му ја преппрача оваа шема на исхрана и бес никакви суплеменги прашоци априња (кои со годинии ги пиеше)се видоа добри резултати!
Мојов е опериран и е со еден тестис. Панчевски ни рече штом до сега после 3 год не е подобрена ситуација нема ни да се подобри...
Чекај , да не сум те разбрала грешка. Маж ти има замрзнато материјал? Немаш правено до сега ивф, така?
Да, има замрзнато пред операцијата. Немаме до сега правено ништо ИВФ би се правело со замрзнатите сперматозоиди