@WhiteAngell Вчера набрзинка пишав, па сега ми текна дека можеби не бев доволна јасна Ние инвитро правиме со криопрезервиран материјал добиен со биопсија поради азоспермија. Ќе ги земеш од Систина сите извештаи од интервенциите на сопругот и документот за криопрезервација и заедно со другата потребна документација ќе ги поднесете во фонд, ако сакате да аплицирате за ваучер. Ќе ви одобрат сигурно. Еве подетално што се е потребно. Од првата точка, јас само ехо поднесов и така ми е одобрено сега во септември.
Мила кај вас вкупниот број на сперматозоиди и по обработка е помал од милион. Нема да ви бараат инсеминации сигурно. Бидејќи ќе замрзнувате материјал, во документацијата за во фонд и тој документ ќе го приложиш.
Тоа ме интересираше дали и со оваа дијагноза одобруваат одма инвитро или пак е тоа само за азооспермија. Ти благодарам мила
Девојчиња да пријавам ЕТ во четврток 05/11. Денес еднометрум 10. Се надрвам се ќе биде во ред. Госпот да не чува сите
Имаш примено стоп инекција-хцг инекција?? Во неа го има хцг хормонот и ако направиш порано тест може да покаже позитивно зошто го имаш хормонот во крвта од инекцијата...пошто тестовите за бременост детектираат бета хцг во крв.
Sakam da se nadovrzam i jas na istoto prasanje jas sum Сакам да се надоврзам и јас со прашањето Јас сум 11ден од трансвер ама исто и јас осекам некој грчеви во стомакот како боцкање нешто Па ме фака некоја паника
Све можеме да осеќаме драга...јас дури и менструални болки имав..си реков толку од надежта,па не испадна така...Не мислете на ништо освен да одмарате и како са се заштитите од оваа проклета корона...Читајте книга,додека е сонце прошетајте саат време,гледајте филм,гответе...се освен да мислите на симптоми ..имам,немам,ова ми е ,она не ми е...Ке излудите така...психата е страшна работа... На сите ви посакувам II и високи бети❤❤
Јас мила сум презадоволна од Плодност,две неуспешни инвитра на друго место трето а прво таму успешно.Третман,стручност професионалност на највисоко ниво,докторот малку на моменти може да изгледа како арогантен и многу зборува тоа малку му е мана ама дефинитивно се што ќе каже е на место.За ембриологот Стефан немам зборови во секој момент достапен за консултации,еве и сега за многу работи во бременост се консултирам со него и има многу знаење.Се на се јас презадоволна иако ако одиш таму само да знаеш да бидеш спремна дека се чека,јас некогаш со закажан термин и по 1-2 часа имам чекано
Здраво феминки, За вас кои не сте ме читале: скоро ќе полнам 44 и во овие води сум само 8 месеци. Кога ги читав вашите испитувања и дијагнози ви се восхитував за вољата и силата да се борите со сето тоа. За разлика од повеќето вас мене ми беа дијагностицирани само непроодни канали и годините кои ми вршеа притисок и носеа тешка депресија од помислата дека никогаш нема да станам мајка затоа што нема време за тоа. Секоја менструација мислев дека ми е последна. Април, со турбо стимулации добивме 1 јк, 1 бластоциста, замрзната поради тенок ендометриум па вратена нареден циклус. Лежев 14 дена. Милион симптоми, прерани тестови, депресија. Неуспешно. Август, стимулации, 2 јк, 1 бластоциста и 1 морула замрзнати од иста причина. ЛСептември трансфер и пак симптоми, тестови, депресија. Лежев 14 дена. Неуспешно. Докторот (Ивановски) почна да ми објаснува за постапките за донирани, сепак предложи да одморам малку да пробаме да собереме во спонтан циклус 2-3 јк, па ако не бива одиме со донирани. 3. Октомври 9ти ден од циклус (првиот нареден по неуспешно ивф) редовен преглед, убав фоликул без стимулации. 12 ден пункција. Ендометриумот одличен без терапија. По 3 дена трансфер. Одмарам дома 3 дена, се враќам на работа со сите нервози и стресови. Градите како да растат. 6ти ден тест - бледо позитивен. До 10 ден кога ми омекнуваат градите и се будам препотена. Гуглам и читам дека тоа е знак дека постапката е неуспешна. Светот ми се сруши повторно. Вадам бета (10 ден). 117. Не и верувам. Чекам да поминат 48 часа како да чекам цела вечност. Денес 12ти ден по 3 дневен трансфер, бета 239. Му пишувам на докторот. Ми честита бременост! Девојки, како што е редот да пријавам позитивна бета и да ви посакам да ја дочекате што побргу! Чудата постојат! Господ е голем! Се молам ова чудо да го видам во мои раце! И секоја од вас да ја постигне целта
Претпоставувам дека се работи за биохемиска.Исто беше и кај мене со вториот трансфер, на 10ти и 11ти ден тестовите ми беа позитивни (со послаба цртка), на 12ти ден веќе цртката беше едвај видлива.Проверив преку крв и бетата беше 18, што укажуваше на биохемиска бременост.Провери во секој случај преку крв.Знам дека е тешко, но како што ми кажа тогаш и докторот сепак е добар знак.После тоа, третиот трансфер сега ми е успешен.