Браво и со лесно до крај уште еднаш!! Ете како симптомите врска немаат, како треба да биде, ќе биде. Ќе си го читаме постов кога ќе сме во постапка Честиткии другарке, уживај и чувај се
Те читам и некое убаво чуство ми надојде ко за близок се радувам БРАВО МИЛА ГАЛИ ГО МЕШКО НЕКА СИ РАСТЕ И ЗА 8-9М ВО РАЦЕ ... ЧЕСТИТКИИ
Прекрасно, мотивирачки, вака пред спиење си се насолзив од радост за тебе и фактот дека животот ни приредува чуда и кога најмалку очекуваме. Со лесно да си ја износиш бременоста, најубаво на свет да ти биде
@AniSel Значи неможев а да не заплачам...жено ме наежи!!! Па секоја чест на упорноста,секоја чест на храброста....јас секојпат велам ЧУДАТА ПОСТОЈАТ и јас им верувам!!! Ти си доказ за тоа,доказ и дека годините ништо не ни можат...браво...желбата да бидеш мајка е посилна од се,ти да дава воља,елан,кураж за понатаму... Навистина прекрасно..како на филм,со вистинска приказна❤❤ Ахх..што убаво ми почна денов.. Секоја чест уште еднаш! Господ е Голем,ќе ни ги наполни рацете на сите нас!!! Јас додека ги одминував тие фамозни 14 дена не направив ниту еден тест,не дека не мислев,но си забранив на самата себе си да читам,истражувам за симптоми и тестови..Не велам дека не беше лесно,но успеав..на 13 ден(требаше на 14 ден,ама беше неработен,па затоа ден порано) си направив бета и ми беше 128.7...не можев да поверувам...чувствата ми беа измешани...по 3 дена-бетата 600..ми олесна...и еве ме 5+3 чекам прв ехо преглен на 5.11...ама нешто ми вели повторно да си направам бета..за секој случај,нели.. Но не,нема да направам...повторно си ставам забрана на самата себе за проверка на бета....ке си го чекам денот за преглед... Затоа друшки мои,после трансфер,НЕ БАРАЈТЕ СИМПТОМИ,НЕ ГУГЛАЈТЕ НИШТО ВО ВРСКА СО ТРАНСФЕРИ,не се споредувајте со ниедна жена(секоја е приказна сама за себе,со својот организам,и јас прашав еднаш,двапати за "размена на симптоми" и одговорите само ми го потврдија она што го пишав)... Едноставно,имајте верба во Бога,тој е Голем и препуштете се на ЧУДАТА,зошто тие постојат!!!!❤❤ Извинете на долгиов поста,ама душава ми зборува..не јас... Убав ден!!
Доста бети, доста стресови!!! Те разбирам зошто ти се вртат такви мисли затоа што не ни се верува дека го постигнавме тоа што до вчера ни беше далечно и невозможно. Еве јас како постара да те искарам и да ти кажам, нема повеќе бети - уживај во бременоста
Честитки мила, упорноста секогаш успева на крај. Да си имаш најлесни 9 месеци, и да бидеш најсреќна мама. Најубава вест вака насабајле.
Точно така. Сите организми се различни и сите симптони се точни и неточни. Мој совет исто е да не се замарате и да не се преокупирате со тоа. Само опуштено тело е здраво тело. Не читајте многу многу, не слушајте други што паметуваат. Се што чувствувате дека треба да правите, правете! Не се изложувајте само на замор инаку се после трансфер е дозволено и препорачливо. И ручек и мини прошетка, без напор и замор и скроз без стрес. Не значи дека лежењето е здраво. Кога лежиме мислиме само на тоа и џабе лежиме кога не сме опуштени. Ви посакувам на сите високи бети и многу среќа во постапките