Ситуацијава со корона ептен ги забави работите, но тоа е Пуштај ги ти документите и не се оптоварувај. Секако, кога тогаш ќе го добиеш ваучерот. И како што кажав, нема правила. Може баш да се погоди побрзо да стигне.
Направив вчера hcg негативен е. Ниту на мене ниту на докторот не му е јасно како не успеа. Ембрионот беше одличен матката одлична трансверот помина супер. Бидејќи тестот ми беше позитивен се сомневаат на биохемиска бременост. Се чуствувам уништено.. Сега планирам во фебруари да пробаме пак приватно бидејќи за ваучер треба 6 месеци и како што е ситуацијава уште три да го одобрат. Ако може некој д ами каже како одат цените приватно со природно модифициран цилкус и исто ме интересира амх дали се прави државно Стварно се надевам следниот пат да ми биде успешен
Жал ми е мила, главата горе и следното ќе биде успешно. Тежок е овој пат, но ќе успееме. Денес исплачи се, од утре со нови сили до успех Приватно мислам околу 1000е на спонтан циклус, а за амх незнам дали се испитува на државно, ќе ти одговори некој што знае. Те гушкам
Не очајувај, одмори се, земи си некој период само за себе и кога ќе бидеш спремна ќе се обидеш повторно со позитивна мисла дека ќе биде успешно, амх можеш со упат од матичен на клиника ( биохемиска лабораторија ) или клиника за гинекологија, 250 мкд чини со упат а за спонтан братучетка ми правеше пред еден месец, и рекоа дека окулу 70000 ќе биде па потоа со терапија точно 103000 излезе во систина, ама цените се различни секаде така да тоа предходно убаво распрашај се, не знам кај кој доктор си Глава горе и позитивни мисли, се ќе биде добро
Naj ubavo da im zvonis stalno ja taka pravef.02 3289092 02 3289016 02 3289011 02 3289968 evo ti brojevi bidi uporna so zvonenjeto
Амх може да се испита на Клиничка биохемија и на ГАК, со упат од матичен гинеколог, 250 денари е. неколку страни поназад една членка имаше напишано цени за приватно ивф за сите клиники, разгледај неколку страни поназад на темава.
Многу ми е жал мила. Но немам предавање на овој пат, не се разочарувај ќе биде, главата горе и само со упорност и трпение ќе дојдеме до целта. Знам дека е тешко, ама ќе помине и ова и ќе си ја дочекаш среќата и ти.
Баш ми е жал... Нема секогаш одговор на нашите прашања зошто и како не успеало.. Тешко е ама после доза одмор, ќе си пробате пак. И јас многу се разочарав, ама сеуште имам сила и волја да се борам, уште утре би почнала Така што, одмор и пак упорно до целта. Те .
Многу ми е жал и те разбирам потполно. Уште потешко е кога си сметал дека се' е проверено и се' било релативно во ред. Одмори колку и да ти треба, и продолжувај кон успех. Доколку ти е прва биохемиска бременост, сфати го како еден вид исчекор дека организмот се навикнува на страно тело и на твоите обиди за успешна бременост. За проверка на АМХ, сигурно оди преку матичен, разликата со приватно е огромна (250 ден vs 4000 ден). Ти праќам тони среќа од срце и да знаеш дека ќе успееш.
Здраво жени- борци. Вака сега, во процедура за ифв сум, од прв ден на циклус почнувам со Јасмин таблетите и аспирни (21 ден), а од утре со фембион. Сакам да споделите искуство тие што ги користеле и секако резултат. Ви благодарам и ви посакувам убава вечер.
фембион се витамини а аспиринот е за циркулација, за нив прашуваш за искуство,не сфаќам? за каков ќе е исходот најважно е шемата на стимулациите, хормоните какви ќе ти се , колку и какви ембриони ќе имаш, состојбата на ендометриумот ,терапијата после пункција и трансфер... се тоа заедно носи некаков резултат ти посакувам успех во постапката, биди опуштена и позитивна и верувај му на докторот што те води
Ти благодарам на одговорот. Прашувам за Јасмин таблетите дали некој ги користел( бидејќи читам за контрацепција се). За аспиринот и за фемибионот знам само си кажав за припремата пред стимулација.