девојки, јас веќе си се смеам на моиве прашања што сакам да ви ги поставам, но не ми се смејте вие, навистина сето ова е ново за мене разрешивме дека треба да е алкохолот 70% а при боцкање, нели штипнуваме месо, па после штом влезе иглата, го пуштаме местото и ја пуштаме течноста или цело време го држиме месото штипнато додека вбризгуваме течност, па после пуштаме или? Фала ви уште еднаш на разбирањето п.с. и дали некоја осетила тахикардија или стегање во срцето од микрогинонот?
Јас го штипнував местото, ставав иглата и ја вбризнував течноста, броев до 5, испуштав и пак до 5. Можеби и не е баш најточна метода, ама мене така ми одговараше. А за микрогинонот, не знам, не сум го користела.
Девојки тие што боцкате Пролутекс...нешто за стомакот да мачкам да препорачате што ме боли од боцкања и тие што боцкате Клексан, нешто за мачкање да ми ги опушти рацете зошто ми се камен од боцкања и дали можам на друго место да ги боцкам клексаните, само не стомак зошто во стомак ги боцкам Пролутексот. Фала ви
Јас во рамо клексан боцкав, те надлактицата, од надворешната/горна страна на надлактицата, под агол. Сама ги ставав, полека вбризгување, повремено си правев модрици, а претежно не. Не е тешко, ако не ти е страв да си се боцнеш. Се мачкав алвен за модринките, и на стомак можеш да го мачкаш веројатно.
Јас веќе 40 дена боцкам клексани, затоа ми се веќе рацете камен. Мислев нешто за мачкање за опуштање.
И мене ми беше камен стомакот од толку боцкања, абе игла не ми влегуваше во кожа. На крај почнав мраз да ставам и по крвнички да се боцкам, др чаре не најдов држи мраз 2,3 мин пред боцка ,не се осеќа толку така.
Јас боцкам од 6.10 до ден денес( значи месец дена) све во стомак..и клексани (секој ден) и пролутекс(2 недели секој ден,па после ми намали докторот) и 2 недели во тек на постапка сите сримулации во стомак..парче се напраив..ама еве го сега стомаков се навикна некако,па ни клексаните веќе не ми прават модрици..само малце печат едно 20 сек откако ке ги ставам и толку... На друго место не сум се боцкала...
Пред терапија со бромергон пролактинот ми беше 25, со терапија ми се спушти, во октомври ми беше 4, сега ми е 29???! А уште пијам терапија. Можно е ова? инсулинот ми беше 11 во октомври, сега ми е 2. Можно е од мио инозитолот толку да паднал??
Корекција на дозата може да треба, кај мене одеше 2х1/2, потоа 2х1/4, па 1х1/4. Па се покачи пролактинот па пак 2х1/4. И на крај бев 1х1/4. Зборни со ендокринолог, од стрес знае да се изремети вака
И тестостеронот ми беше 16 , сеа мн повисок. Другиве андрогени не сум ги проверила досега, немам искуство. Што мислите за дхеа и андростендион,мн ли е високо ова? (втор ден од циклус е испитувано)
Мој совет е да се консултираш со ендокринолог и да провериш и тироидна жлезда. Гинеколозите не знаат да препишат соодветна терапија за ПЦОС. Андростендионот и мене ми е отприлика иста вредност како тебе, ДХЕА слични вредности како тебе, инсулинот 3, едино тестостеронот ми е 85.5 и добив терапија метформин и спиронолактон, докторката ми рече дека сум требала многу порано да почнам да пијам, ама ете, ниту еден гинеколог не го сфаќал сериозно проблемот и не преземал ништо околу тоа, а ПЦОС мора да се третира, не смее така да се остава.