Мене имунолог ми читаше резултати и ми одреди доза на витамин д, во комбинација со други витамини. Може и ендокринолог. Мене ми беше и пониска вредност од твојата, па за 3 месеци редовна и добро контролирана терапија го средив до добра вредност.
Девојки дали сте испитувале витамин д на клиничка биохемија сега во брзо време? Јас земав упат, сакам да одам утре, па да знам дали имаат реагенси.
Ти викам јас ти не си од тие што ќе плачат, верувај ми Јас не прашував дали ќе ме боли, јас знаев дека ќе биде така. Мене и брисеви матичната по 15 минути пробува да ми земе, и после крварам од "борбата". Опушти се, се ќе биде во ред.
Еве го мојов резултат. Ке ми треба подолг период да го средам? Јас месецов имам закажано кај Таше на 21 ден од циклус. Веројатно ке се одложи постапката додека да го средам
Е не знам колку време би требало... за еден месец сигурно би имало подобрување со терапија. Искрено секој доктор различно гледа, некои доктори не кажуваат да се испита и не мислат дека има исход на ивф резултатот, ама па мн истражувања тврдат дека е важна вредноста на витамин д во ивф постапка. Ќе си разговараш со докторот и ќе одлучите. Јас не го испитав пред ивф. Сега после неуспешното ивф го проверив на своја рака.
Јас мислев дека сум сама на планетава Ама имало и некој друг Кога треба брис да се зема, јас викам “ може со анестезија “ Хорор
Искрено не верувам дека ќе ти го одложат процесот заради витамин д.Јас баш пред трансфер испитав и кај мене бешр многу низок, 19 што исто така се смета за дефицит.Веќе пиев витамин д од 1000 iu, докторот ми рече да земам плус дополнително 2000 iu.Со оваа доза почнав само една недела пред трансфер и имав успешен трансфер.Кога го прашав докторот дали поради тоа би одложиле трансфер, ми рече не, за гинеколозите сепак побитни се другите работи, како самиот квалитет на ембрионот, ендометриумот и прогестеронот.Секако дека е важен и витамин д, но ќе имаш време да го средуваш понатаму.Најдобро за тоа да се консултираш сп ендокринолог.
На ваков резултат може ќе ти дадат и ампула со многууу единици но сепак дозата ќе ја одреди ендокринолог ... или можеби гинекологот ќе ти препише некои таблетки или нешто малу повеќе од 2000единици(до 5)
@Andemona Ме пратија на институт за микробиологија и паразитологија да ги однесам брисевите. Ми рекоа во среда резултати.
Мора да бидеме храбри. И јас не сум била многу поразлична (затоа само замарам со моиве прашања). Јас претходно игла да не видам. После боцкање следуваше повраќање, губење свест. Дури сега сватив колку сум била храбра, само требало да се има силна желба и тоа да те води.
Фала ви друшки. Ке се консултирам со ендокринолог. Доколку не успејам да дојдам до Адамова, некој ендокринолог во приватниве да ми препорачате каде да одам?