Нема зборови за утеха мила Тешко, претешко.. Но мора да издржиш, да кренеш глава и да продолжиш понатака Не се извинувај, Тука сме да се бодриме и да споделуваме искуства Те гушкааам мноогу
Оф душичке го молам Бога за сите нас тука. Биди силна и да не дозволиме да се сожалуваме. Дај Боже сила и да се израдуваме што поскоро
Храбра жено,лавице...со зборови неможам да ти опишам колку сочувствувам со тебе...навистина ме трогна и многу ми е жал... Но во секое лошо,има и добро,а тоа е што навреме си открила дека нешто не е во ред,навреме си ги скратила понатамошните маки во животот.. Биди силна ,мораш...годините се само бројка. Господ ке те израдува,знам... Да можевме барем вистински секоја од нас да земе делче од твојата мака и да го фрли во неповрат,верувам ке ти беше полесно... Фала ти што сподели тука со нас,што ни предочуваш дека секој преглед е важен,особено по 10ГН,дека треба на секој детал да се внимава... Фала ти што ни покажа уште еднаш дека жените се најхрабри суштества на планетава и дека ке се борат до крај за своето... Знам дека сево ова звучи патетично, но не ми останува ништо друго освен виртуелно да те гушнам и од срце да ти ја посакам целата среќа за успех на овој свет... Само напред лавице,главата горе,со нови сили до победа❤❤❤❤
Prinsess_Eva Јас бев на консултација кај Стојковска после Хсг ( проодни канали ама оштетени) за ин витро и се нафаќа да го направи без да се вадат тубите а Гурзанова вели првин да се извадат. Закажав во Чаир таму да ја правам интервенцијата и тамошниот Др вика да неправам лапараскопија. Инаку имам една вонматерична бременост третирана со метатраксан и една киретажа во 11 недела. Инаку имам 40 години и веќе сум збунета што понатака
Девојки бидна мојата пункција извадени два фолекули без анастезија од кој со една ј.к дајбоже да е како што треба утре ке ми се јават дали се оплодила ве гушкам дајбоже сите да успееме
Со среќа мила, Дај Боже се да биде добро и овој пат да биде со успех.Верувам дека ќе се оплоди и ќе добиете убаво ембрионче.Те чекам утре со убави вести
Мила моја жал ми е многу како ми беше подршка ти мене убаво се сеќавам, те гушкам силно изджи јаки сме ние и јас сеуште се борам дајбоже да успееме
Јас имав резултат 23 од 30 до 90 мислам реф.вредности, и докторот ми рече 3.000 до 4.000 единици да земам.. па ги земам тие полските перли едно од 2.000 и едно од 1.000. Тебе колку ти е вредноста?