Мила мене пред двата неуспешни трансфери ми беше првиот пат под 20 а вториот 20 и нешто а третиот пат со позитивна бета ми беше 41.Јас примав и сеуште примам по 4000 единици а ми се зголеми само кога со витамин д 4000 единици примав и витамин к2.
@Sienna_MK , Мила, те , биди силна...дај себи време да одболуваш, а после со нови сили и помош на Господ да се израдуваш со здраво дете (деца)
Не мила ништо не пијам. А и никој не ми рече да испитам витамин Д, на своја рака си испитав да не ми е на мисла. Ти благодарам
По препорака од доктор почнав со к2,ми објасни како подобро се врзувал д3 со к2 и јас навистина имав подобрување за 2 месеци а претходно без к2, 7 месеци немав скоро никаков напредок.Ама за секој сличај консултирај се со доктор.
Ви благодарам на сите што пишавте и ми дадовте поддршка, секој збор премногу ми значи за болката што ја чувствувам. Да бидам искрена, морав да пишам и да споделам со вас, чувствувам дека доволно не плачам иако постојано мислам на тоа што ми се случи, после операцијата, од самиот шок телото почна само да плаче, не бев спремна за ова иако знаев дека постои ризик. Мислев дека бев спремна на се’ но сепак не било така, тука барем разменувам мислења и искуства со жени кои поминале низ истото и го делат истиот страв. Ќе дадам се’ од себе да си ја вратам позитивата и на пролет продолжувам со борбата. Ова сестринство е посилно од било што!!!
Поздрав жени,прашањево не ми е за тука ама ги почитувам вашите искуства и сознанија па ке прашам: Дали може во бременост да се пие Алое вера гел,дали некоја пиела од вас...споделете било какво искуство.. Ке си прашам доктор секако,(дури во понеделник) ама би сакала и од вас да прочитам искуства... Фала однапред❤
Според мене, не гледам причина зошто не може. Алое е добро генерално за здравјето, за имунитетот и за сите фунции во организмот.
@Sienna_MK мила многу ми е жал за сето тоа што се случило, нема зборови што можат да ти дадат утеха, биди силна, знам колку боли. Исплачи се, па собери сили за нов обид. Те
Девојки јас уште не добив... Ми касни веќе 2 недели, ама поради хормонски дисбаланс еве уште ја нема. Бев до кај матичната, ми рече дека може да примам таблети за да се предизвика крварење. Дали на некоја и се има случено нешто слично и дали без да прими нешто и се регулирал циклусот? Искрено не ми се примаат веќе хормони.
Девојки, искиство со ПРОЛУТЕКС? Јас денес првпат се боцнав ама имам оток и болка во раката веќе цел ден. Што ставате од облоги или маст во вакви случаеви?
Те гушкам многу мила Знам дека еден ден Бог ќе те награди со најголемата среќа. За брзо ќе дојде тој ден кога сите ќе се израдуваме со сонциња во рака.
Пролутексот си боли малце после ставање Ништо не ставав отпосле јас, се навикнав и ја игнорирав болката. После апликација масирај го местото. А зашто ставаш во рака? Мене ми рекоа само во стомак.
Мене ме оставија јас да одберам каде сакам. Можело и таму и таму. И во упатството прочитав така. Па сега незнам