Во упатството колку што се сеќавам во стомак пишуваше. И на видеа што гледав како се аплицира само во стомак ставаа.
Пролутекс подобро во стомак, помеко е местото. Боли пак, ама ќе ја ставаш мнооогу полека и подобро ќе биде.
Штом не сакаш таблетки, почекај. Но следи ситуација на ехо. Мене ми се случи пред 2 месеци. Одев често на ехо, на 3-4 дена и кога добив циклус беше пре преоскудно.
Да да, слободно продолжи си во стомак од наредната. Ко што пишува во упатството, ако добро се сеќавам беше два прста под папок од лева и десна страна наизменично, ама провери си за сигурно.
Можеш слободно. Наредно во стомак ќе си ставиш. Мене сестрата ми рече пролутексот во стомак, а за клексанот како сакам. Може во моментот си помешала
Мене исто ми се правеа модрици, и како оток.. После сесѕрата ми рече да не го масирам местото после тоа, нежно да поминам само со памукче и подобро ми беше, не ми се правеа толку модрици. Пробај и така, може ќе делува и кај тебеИ. И јас во стомак
Фала мила дајбоже да ја развеселам темава и јас редно е мислам и дајбоже сите да успееме да не снама од овде
Дааа хаха ме потсети јас го заборавив гоналот како сум се преплашила никогаш не ни се случило да ми ишприца инекцијата др ми рече арно си го нашла исто е како фостимонот ама какви стресови не поминуваме, ама сега си се смеам како сум ја растресила инекцијата како не ке испрска целата воздух ја преполнив
Пред неколку години, Центарот за асистирана репродукција го префрлија во нови простории, правеа проширување на капацитетот, со нова ИВФ лабораторија. Во тимот на ембриолози ја имаат Валентина Сотироска која е еден од најдобрите ембриолози во Македонија. Жената е врв навистина. Таа е и шеф на ИВФ лабораторијата и таму е уште од 2008 год. Моето искуство во овој дел беше од 9 јајце клетки - 6 оплодени и 5 бластоцисти. Три ескимчиња си чекаат
Мила со лесно нека ти е постапката и да вроди со плод! Колку фостимони прими? Дали си кај Лазаревски?
И јас во стомак од пред трансфер до кај 12...13 недела некаде 2х1 се боцкав,ама немав модринки.За во рака не знам дали може.
Немам зборови за да те утешам ама знам дека силна и дека ќе собереш нови сили за да ја извојуваш оваа битка .те гушкам силно
8 фостимона и 5 летрозол таблетки пак сум кај Лазаревски некако не ми се менуваше др. Па тоа е што е се надевам само утрешниот ден ке ми донесе среќа