Да мила ама кај мене др запишал терапија за по пункцијата и го има и декортин 1*5 не ми е јасно зошто пред трансфер јас знам по трансфер се пијат дане е збунет докторот се мислам
Ајјј јас денес не се напив да станам да се напијам мислев само едно..од утре денски ке си го пијам фала ви на одговор во касни часови
Оваа терапија ти е за до трансфер тогаш ќе ти дадат др.терапија т.е ќе ти посочат колку дена што како ќе земаш... уживај и да не израдуваш наскоро
Девојки малку ми е непријатно да прашам. Дали со редовно ставање на КРИНОН гел ви се случило да имате исцедок односно да го исфрлате гелот густ како "урда". Многу ми е непријатно кога ќе дојде ред за контрола и за трансфер да одам со таков исцедок. Или тоа е нормално?
Нормално е, не се оптоварувај со тоа. На сите ни излегува во разни облици Со среќичка на трансфер, со ништо не се замарај
И јас имав проблем со имплантацијата, па да пробам да помогнам.Ние добивавме добри ембриони ама проблем беше имплантацијата.Кај мене проблем беше прогестеронот.Не на крај на циклус туку на почеток.Секогаш кога го испитував на 21 ден ми бепе супер и сите доктори сметаа дека тука нема проблем.Но кога го испитав на 2 ден од циклус и на 10 ти ден се виде дека е превисок, односно на почеток секогаш ми беше над 1, за да порасне пред овулација до 2.Тогаш докторот ми кажа дека таквиот прогестерон кој расте неправилно доведува до презревање на ендонетриумот при што имплантацијата е неуспешна.Секогаш прогестеронот пред овулација односно до 10-11 ден ид циклус мора да биде под 1.Незнам како е кај тебе.Ова лесно се решава кога се оди со долг протокол односно со контролиран циклус.Јас пред последниот трансфер правев и хистероскопија и скречинг.Ти препорачувам исто да си направиш ако немаш направено.Кај мене со хистероскопија се отстрани септум иако претходно после незнам колку прегледи и направено хсг не се виде септумот.Доколу немаш испитано вит д, ти препорачувам да испиташ и да почнеш со суплементација.Јас сите овие работи ги направив пред третиот трансфер и беше успешно.За храна можам подетално да ти пишам во лп.
Здраво девојки, извинете што не пишав во петокот за бетата не бев во можност. Пааа завршив со биохемиска и бетата беше падната на 56.1 така што сега одмарам да заврши ова лудило со короништево глупаво па здравје Боже до година со нови сили и одам на друго место иако имам уште 5 замрзнати ембриони ама ќе ги оставам за не дај Боже. Така девојки сега ве поздравувам и се читаме во бодобри временца, а нареден пат ќе ви пишам кога ќе бидам во понапредна бременост. Со Бог напред само здрвје, и немој да ве прочитам дека сте изгубиле надеж ќе ве скршам  бацушки и гушки до ситееее STAY STRONG AND BE POSITIV (ON BTHCG)
Зошто не пишеш на докторот, сестрата или ембриологот? Секоја клиника го дава поинаку, само таму ќе добиеш сигурен одговор. Еве пример јас почнав со четвртинка, па половинка, три четвртини... не се сеќавам точно како беше. Мислам дека го земав 5 дена (по пункција и два по трансфер). Кај тебе по напишаното веројатно е едно дневно, ама не можеш да бидеш сигурна ако не прашаш. И не пишува колку дена, мора да ги прашаш. Уствари ова е по пункција кај тебе, ќе ти кажат по трансферот дали да продолжуваш. Пишувајте им, не стегајте се. Се случува да заборавите нешто зашто стварно има премногу, а нивна работа е да одговорат.
Фала мила, прогестерон не испитав ни еднаш, хистеро и лапаро правев во септ, ми отстранија преграда и миом, еден канал затворија, другиот бил неправилен па го извадија. Вит д немам испитано, тоа ми е следно. Скречинг немам. Правев испитувања на Трансфузиологија, све чисто. Фала многу
Здраво девојки, извинете што не пишав во петокот за бетата не бев во можност. Пааа завршив со биохемиска и бетата беше падната на 56.1 така што сега одмарам да заврши ова лудило со короништево глупаво па здравје Боже до година со нови сили и одам на друго место иако имам уште 5 замрзнати ембриони ама ќе ги оставам за не дај Боже. Така девојки сега ве поздравувам и се читаме во бодобри временца, а нареден пат ќе ви пишам кога ќе бидам во понапредна бременост. Со Бог напред само здрвје, и немој да ве прочитам дека сте изгубиле надеж ќе ве скршам  бацушки и гушки до ситееее STAY STRONG AND BE POSITIV (ON BTHCG)
Нема на што мила, тука сме за тоа.Провери си обавезно прогестерон, може баш тоа да е проблемот.Ако е тоа, ќе се реши и ќе имаш успех.Пиши ми кога ќе испиташ витамин д, можам да те советувам за храна и суплементи кои да ги земеш.Јас од изразен дефицит за многу брзо време успеав да го качам доста до задоволително ниво.Читав за тоа доста дека баш витаминот д кој исто го смета и за прохормон може да има големо влијание на имплантацијата.А кај нас ретко кој нема проблем со дефицит и покрај тоа што имаме доста сонце.Но со зимските месеци сега и загаденоста уште повеќе се намалуваат вредностите.Навистина ти посакувам успех следниот пат
Скроз нормално и јас имав исто лани. Ужасно е кога излага и кај мене обилно излагаше ама нормално е не се грижи