е тоа се помислив, имав ехо на втор ден, тогаш и добив наредба за овие инекции хаха, а следно ехо е на деветти ден да паничам?
Слушај си го докторот Можеш да се јавиш на тел да поразговараш со него и да го прашаш и да му кажеш дека имаш болка. Ама нема потреба од паника Јас можеби имав толку брзо второ ехо зошто сум со пцос и знаеше Др дека ќе имам многу фоликули. Сепак зависи и од твојата дијагноза, не сме сите исти.
Девојки што чекате одговор од фондот за ваучер сега пред малку ги добив, јас имав поднесено на 22 октомври одобрено ми е, ми кажаа дека ваучерите се испратени на 11.11 па сега ни останува да ги чекаме на домашна адреса... Со среќа нека ни е.. Јас ѕвонев на овој број 02 3289-016
Каква генералка, лежи си таму уживај. Маж нека чисти по дома. Јас офкав и на наведнување, стварно ме болеше, а сиротиот уплав доби од мене, па не ме пушташе ни да мрднам. Признавам и му преувеличував малце (си знаеше за тоа) ама затоа брекфаст ин бед си добивав.
јас му најавив за брекфастот ин бедот после пункција, трансфер итн, ама направив планови се' да си средам до тогаш, ама штом ваква работава, ќе се реорганизираме фала ви девојки, гушкам..
Само за размазување сме ние. За другото ќе се најде решение. Инаку јас сум со повисоко ЛХ на почеток на циклус, 8-9, цетротидето ми го вклучи мислам на 9 ден од циклус, заборавив точно. Ако ти е на мисла, јави му докторот.
Здраво девојки, со мажот ми аплициравме за ин витро првпат. Сакам да ги прашам тие шро веќе го имаат поминато тој пат. Буквално ништо не знам како и што треба. Од кога ќе се добие ваучерот треба да одберам клиника така, и пак ли ќе треба прегледи да правам пред да биде цела процедура. Треба нешто плус да се проверува, стварно ништо не знам аа да и ваучерот ако се добие има временски период за колку време треба да се искористи? Фала Ви
Почни да ја читаш темава од почеток, или барем последните 100 страни и ќе најдеш одговор на сите твои прашања. Само во последниве 20 страни едно 5 пати е напишано дека има рок од 6 месеци да се искористи ваучерот откако ќе се добие истиот и за кои дополнителни испитувања сме ги направиле сите освен тие што ги барале за ваучерот. Оди кај доктори на консултации со цела твоја документација додека чекаш одговор од фзо и одбери си доктор и клиника па кога ќе ти стигне ваучерот и кога ќе сакаш да почнеш постапка одиш во избраната клиника. Докторот што ќе го избереш ќе те упатува во се во зависност од твојот случај. Читкај ја темава ќе ти се разјасни... Среќно во постапката
Мислам @LunaGrey се жалеше дека и доцни нарачката од ихерб. Мене денес ми стигна ( нарачката е направена 28.10). Овие 2 кутивчиња ме коштаа 25 долари ( 1290 ден) со све шипинг.
Не ми стигна нарачката(нарачав на 15ти септември)и ми ги вратија парите... а нарачав баш суплемент метил фолат, метил Б12 и Б6 во едно апче... Истиве ко твоиве ги купив јас во зегин вчера... Б12 метилкобаламин е 987 ден. А метил фолатот е 1648 ден. Тоа е
Со среќа Мелек, само може да ми кажеш кога поднесе документи, за да се надеваме и ние дека наскоро ќе ни го испратат
се слушнав девојки, за секој случај ми рекоа утре да поминам на ехо, дека кај мене знаеа да созреат фоликулите побрзо, па сега се насекирав да не претерав со реакцијата за болките, да не џабе јавував, па ако е се' во ред утре, ќе си речат оваа паничарка кога е прв пат, сите работи изгледаат страшни и големи 'ко планина.. Фала ви на смирувањето во секој случај па ќе се спремам утре за да ме караат хаха
Ние почнавме да собираме документација, бидејќи ин витрото ќе се прави со криопрезервиран материјал само јас треба да направам испитувања. Сега за сега докторот за ин витро ми рече да направам ПАП - тест (направен) Хормони на 3 ден (утре) Крвна слика, седиментација, гликемија (утре) Маркери за Хив и хепатит треба двајцата да направиме Микробиолошки брисеви Ехо 3д 4д (направено) Потврда за криопрезервација (имаме) Покрај оваа документација, дали ќе биде потребно нешто од оперативниот зафат на сопругот? И што друго е потребно од лична документација за во фонд ( копии од л.к., извод од матична книга на венчани) др.нешто ?
Благодарам мила. На 8 октомври ги поднесов документите, на 5 ноември пишува дека е одобрен ваучерот, а денес на 16 го добив на домашна адреса
На страната на фзо пишува што треба Таму се и обрасците кои треба да се испринтаат и пополнат Читна наназад на страниве од темава?
Еве ти слика - одговор на твоето прашање,напишано пред два дена... Читајте наназад, има во темава одговор на скоро се @WhiteAngell еве ти и линк http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=FF6D283DF0CEC141B8F526F9BE49D064
Девојчиња, ми остана една ампула Цетротиде, од Косово е купена. Би ја подарила на некоја што ќе и значи малку финансиско олеснување..