Читам наназад, го имам прочитано ова од фзо . Но овде имаат наведено мал милион испитувања што за жената што за мажот а од тие јас треба само неколку да направам. Затоа прашав за конкретен одговор... Сепак ти благодарам.
За мажот има само два спермограма и инфективен скрининг. Штом не ви требаат спермограмите тогаш само инф. скрининг треба за твојот сопруг. За тебе треба пап,микр.брисеви,инф.скрининг,крвна слика со гликоза и седиментација, 5те хормона испитани на 3 ден од циклус, извештајот од хсг процедурата, 4д ехо. Покрај тоа треба копии од лични карти, копија од извод на венчани и пополнети обрасци, два пополнети од ваша страна, едниот пополнет и потпишан од матичен гинеколог. Обрасците ги симнуваш од страната на фзо и си ги принташ и пополнуваш. Тоа ги пишува на упатството, не знам кој мал милион испитувања ги виде, тие се само. Под точката кај што пишува ДРУГА ДОКУМЕНТАЦИЈА, праќаш ако имаш, ако немаш не треба. Не знам како може да треба само неколку од овие да треба да направиш, сите се бараат без разлика на дијагнозата. Единствено инсеминации не се бараат ако жената има непроодни јајцеводи или ако мажот е со тежок машки фактор. Вас според дијагнозата што ја напиша ти, само инсеминациите не ви требаат и спермограмите, другото се треба да се испрати.
Како нарачавте?овде метил фолат 1650 ден исто и другите за Пцос!и јас би сакала да нарачам огромна е разликата во сретства!
Јас ке се надоврзам да прашам. Дали има термини на државно за хсг(или каде да прашам дали има)? И дали го признаваат хсг-то направено на приватно?
Еве ја страната. Све има . https://www.googleadservices.com/pa...=2ahUKEwjdm5m0qIftAhWOlhQKHWxlCS4Q0Qx6BAglEAE
Во ред е, не мора така дрско да ми се обраќаш. Сестрата ми кажа дека нема потреба од правење хсг бидејќи се оди директно на ин витро, без инсеминации. Јас ги набројав испитувањата кои ми рекоа да ги направам, прашав дали има нешто дополнотелно а да не ми е кажано. Нема потреба од дополнително објаснување. Ти благодарам !
Го признаваат и од приватна клиника. На државно само на ГАК прават. Ама сега со ковидов незнам и дали воопшто може таму
Не знам дали има моментално на државно мила, немам инфо, ѕирни во темата ХСГ. А на приватно ги признаваат, јас во систина правев и кај Толовски, и тие два извештаи ги пратив кога аплицирав. Иначе како можеш да државно уште поубаво,само распрашај се, може матичниот гинеколог твој знае дали работат сега.
Мислам дека еднаш ти пишував. Мене ми одобрија ваучер без поднесено ХСГ, заради тежок машки фактор. За сопругот прати ги и извештаите од интервенциите за имаат во предвид зашто имате направено криопрезервација пред три години. Со среќа нека ви е и со успех.
Кажете лек против гадење, од спиронолактонот, ми иде црева да истурам мислев дека ќе ми помине после неколку дена пиење ама полошо станува. Пие некоја од вас спиронолактон?
@KonstantinaM Кој беше производот или страната на инста Мислев дека сум го скриншатнала кога го објави константина ама валда не пошто неможам да го најдам во сликиве
Јас кога ќе станам, на гладно со две чаши вода. Така ми кажа ендокринологот. И после пола ден ми се гади Може и јас треба навечер да го пијам за да не осеќам нус појави...