Од колку мл ти е дадено да пиеш дневно? Јас кога почнав со 200 мл на ден пиев едно од сабајле едно навечер. Сега само навечер пијам од 100 мл. Сама си одредив
Јас тоа немаа ни да го осетам мала шала.. Пробај неколку дена навечер да го пиеш, може ќе ти биде полесно. Мене не ми кажаа во колку да го пијам, само да го испијам единствено за еутироксот во 5:30 ч и за дексаметазонот имам одредено време, а за другото не.
Не провери дали ги има од друга фирма? Пред некој ден најдов на Солгар во Зегин. Метил фолат околу 600 и нешто ден, а метилкобалт амин околу 800 и нешто ден.
Не проверив да ти кажам, два месеца ја чекав нарачката и овие некако на брзање ги купив... како и да е , за три месеца се, кога ќе ги потрошам ќе разгледам и други фала ти
Девојки мојот трансфер бидна е сега здравје боже, не ми беше јасно после трансфер примив инекција хоримон а истата ја примив како за стоп инекција дали знае некоја што врска има оваа инекција го прашав докторот тој ми рече имаш малку жолто тело затоа а што значи тоа? Незнам дали има врска со прогестеронот нешто некое искуство дали некоја примила ваква инекција по трансфер и за што е?
Мила а зашто ти дадоа спиронолактон? Ако добро се сеќавам околу 20 ти беше тестостеронот? Информативно прашувам
Докторот знае што прави..не мисли сега на ништо и те чекам со убава вест. Знаеш една моја тетка акушерка во пензија секогаш ми вика биди сега како жените кои живеат на планина во село со три куќи..те гушкам и ти праќам бакнежи
За андростендионот. Малку ми е над горна граница, 3.5 е горна граница мене ми беше 3.8 Затоа толку мала доза, да го спуштам малку. За тестостеронот и дхеа резултатот ми рекоа дека сум добра
Мила ептен ми е мило што стигна до тука, ти посакувам најубави две недели и на крај како црешничка на тортата убави две црвени линии. Јуначето нека успее и да се радуваме заедно со тебе! @marijamarkoska мила жал ми е што не успее, одиме на трета среќа!