И јас правев така до последно, потоа тука ми кажаа дека законот е сменет и не се доплаќа ништо до 90. Ама ми е страв да пробам
Девојки едно прашање за тие што боцкале триптофем ( и јас боцкав ама сум заборавила како требаше) Дали треба да се истисне воздухот или не, само капачето го тргам и боцкам. Не ми спомнаа за тоа, ми напоменаа само да не е косо, скоро права под 90 степени да ми биде иглата
Јас се боцкав со триптофем за вториот трансфер.Го истиснував воздухот, и иглата ја држев права баш под 90 степени.За се истиснувам воздух, освен за клексаните.
Женички, денес почнав да пијам Микрогинон. Имам главоболка не поврзана со микрогинонот па прашањето ми е дали смеам да се напијам кафетин за главоболката ?
Бидејќи често имам главоболки, јас имам пиено апче против главоболка додека сум на микрогинон. Обично пијам бруфен или ако е послаба аналгин, ама мислам дека може било што, не се мачи.
Девојки ме интересира која е процедурата за ин витро за второ дете.Имам замрзнато ембриони во Систина,па ме интересира дали можам да поднесам за ваучер и да го искористам за трансвер или мора да плакам на приватно?
Сега го читав и ова тестирање за жени и мажиhttps://testzaneplodnost.com/?fbclid=IwAR2DDrptZ9w7QcaOTvMZwVLjhyv9zMKiHfVlsoGIzEKc6JrP5wZ5GaReeb0 зирнете можи ке ни поможи
Девојчиња, каде има да се купи Летрозол, освен Берна во Чаир? Читав наназад за некоја аптека Лисиче и кај Кафе Броз но не најдов точно инфо. Фала ви на совет