Можно е да имам акни после неуспешен транфер? Катастрофа сум, во живот акни не сум имала, сега овие огромни поткожни, црвени, па гнојат цело време, и болат како топчиња се. @lia22 i @Luni ви ја пуштам цела среќа
Девојки, после скречинг колку време е нормално да се крвари? Крварев дента, наредниот ми престана, а денес трет ден пак гледам некоја точка.. Да не е можеби циклус ама нели дури се прима микрогинон неможе да се добие циклус?
Мене ми кажаа дека може да крварам, и упте дури бев таму почна, рекоа дека е скроз нормално, но не ми е јасно со капкиве денес.. Можеби најдобро да се јавам, ќе видам денес дали ќе продолжи илк ќе сопре
Нормално е да,е сега колку ,како незнам...а и секој организам е различен.Најдобро јави се и прашај си,да не ти е на мисла.Каде го правеше?
За ваучерот поднесов документи на 26.10 и еве денес ми стигна писмо дека треба да им поднесам документ за Хормонален статус не постар од 6 месеци. Документот кој го имав дадено е со датум од 30.04, значи таман е на истекот на 6 месеци, ама сепак не е истечен. Зарем тие си гледаат од денот кога си имале состанок? И сега што да правам? Да им праќам приговор (како)? Не знам какви ќе ми се хормоните, веќе поминав низ две постапки, па пиев хормони после хистероскопија, може да е хаос. Ви се случило ли нешто вакво? Ако може некој да ми го пише телефонот на кој креваат? Не знам дали имам пристап до контакт од Комисијата.
Џабе ќе приговараш. Ако на денот на разгледување ти има истечено рокот од хормонскиот статус бараат нов. Направи си на прв ден од циклус. Ако се плашиш за фсх-то