Чудно ми е затоа што тоа беше еден документ со крвна слика, седиментација и хормони, од Авицена. Не ми бараат да дополнам и крвна слика, туку само хормоните. Може тоа им е поважно... Баш си направив беља што не можев да отидам порано. Викаш на прв ден може да добијам помалку високи вредности?
Од кој хормон се плашиш? Додуше они само за фсх-то прават проблем, т.е го бараат под 12,5. А фсх е најниско на денот на добивање на циклусот
Јас имам покачен пролактин и тоа многу... 63.31 ми е За него прават проблем ? Утре ќе одам кај матичниот гинеколог, ќе видам што ќе ми каже, дали ќе ми даде терапија или ќе ме прати на ендокринолог...
Јас кога правев хистероскопија со скречинг крварев тој ден.Следните два дена ништо, дури третиот ден почнав пак да крварам и тоа траеше три дена.Не ми беше мензис, зашто хистероскопијата и скречингот ги правев на 5ти ден од циклус.Докторот рече дека е нормално.
Па не знам што може се' да е изреметено со сите стимулации и терапии. Хистероскопијата ми е од пред месец дена и примав естрофем и циклопрогинова. Последниот резултат од ФСХ пред 6 месеци ми е 12.2 ама им приложив дека АМХ ми е 1.3. Затоа не знам оти ме малтретираат И добро, еве нека напаравам нов тест. Нема ли до наредното разгледување да ми застарат други документи? Се нервирам оти ова ќе ми одземе уште некој месец...
Ако не се лажам, качен прилактин прави проблеми со забременување. Мене матичниот ми даде бромергон (ми беше качен после спонтан и ми рече морам да го средам).
Не сум слушнала некого да одбиле за ваучер со покачен прл. Ама за твојов дефинитивно треба да се консултираш со ендокринолог и да го средите. @Bilka5T прати им хорм статус и крвна слика нова, за секој случај. Со твојот амх немаш гајле и да ти е покачено фсх-то. Мислам дека нема да ги разгледуваат другите документи повторно. Барем мене Не ми ги гледаа. Еднаш така ме имаа вратено за брисеви, една недела ми беа истечени. Дур направив и пратив уште на нешто ми имаше истечен рокот, ама не ме вратија поново
Вечерта пред да одам да испитам бев на роденден јадев торта, чипс и пиев пивце до 22 часот после тоа ништо. Не знам дали и колку тоа би имало влијание на прл, да не не е веродостоен резултатот... Колку што читав и стресот влијае на прл, а секако периодов ми е малку стресен, оди за ова, оди за она ама и до толку да се покачи од стрес не верувам баш... Ќе видам утре што ќе ми каже матичниот
Важно е вечерта пред испитување да си наспана одморена и без некакви физички активности ...и по можност помалку стрес
Da se nadovrzam mene vo Doha sekogas za prolaktinot dok mi vika isto ubavo naspana a od stanuvanje do zemanje krv treba barem da ima 3-4h pominato, ne odma od spienje pravo vo labaratorija
Предходно имаш проверувано пролактин? Јас би ти препорачала со ендокринолог да се консултираш за терапија, не со матичната. Било кој ден можеш да провериш. Не е врзано со ден од циклус.
Не, никогаш. Сега собирам документација за ИВФ и ми излезе ова Ако не е врзано со циклус би го повторила тестот ама па сега почнав да пијам Микрогинон па тој да не има некакво влијание...
Фала милааа, на 27.10 поднесов а одлучиле на 11 ноември, а ме известија дека ќе се изначекам бидејќи една од секретарките имала ковид, ете среќа успеале да се соберат и да одлучат по барањата
Не чекај, оди направи, и тоа без стрес, полека оди до таму, седни поседни 5-10 минути па стани по бројче, за да ти се одмори телото од активноста на одење, јас така направив вториот пат, првиот трчав, бев под стрес, незнаев каде да одам, со такси се возев, од работа бев кидната и таму кога отидов задишана оддма стигнав на ред и одма ми земаа крв, испадна 55 пролактинот, потоа докторката ми даде терапија, за три недели отидов пак овој пат со памет, без брзање, си станав порано, полека сеоблеков, таму си седнав 10 минути, пуштив некои и пред мене да одат и ми беше гајле кога ќе биде, кога осетив дека сум одморена, станав земав бројче и отидов на тест, испадна 12,1и со тој резултат поднесов документи за ваучер.
Другите хормони ми се во ред, само пролактинот ми е 63.31 и LH малце покачен 9.15 Дали да одам да го испитам само прл ? И дали Микрогинонот би имал некое влијание врз прл бидејќи почнав да го пијам пред 2 дена ?
Пролактин можеш да испиташ било кој ден. Истото ми се случи и мене. Цела недела нешто бев напната и отидов да проверам хормони, Пролактинот ми излезе 30 а никогаш дотогаш не ми бил качен. Кога и кажав на матичната вика провери пак за една недела ама гледај да си си смирена, убаво наспана. Искрено вечерта пред да одам се напив диезепам и сабајлето отидов. Резултатот ми беше 10, како и вообичаено