Во бети аптеките (таа што е под клиника има сигурно ако немаат ќе ти достават или ќе имаш во најблиската бети или ивита фарм ...кај нас се покажаа за ефикасни (мин.3месеци да се пијат за добар резултат) 4д Направи си... со сликички и извештај А лапароскопијата ти е место хсг.. За хепатит да видиш во железничар а на др место поради ситуацијава освен во приватните нема...
Не знам од кога е ама јас во понеделникот се јавив да прашам и таков одговор добив. И ако сакам да почекам до 1ви декември ама и тогаш е прашање дали ќе им дозволат
Мене почнаа да ми искачаат уште за време на стимулации ама поголеми и поболни станаа по прекинот на терапија. Еве месец и пол подоцна уште ги имам. Акни се поврзани со хормоните така да веројатно од тоа ни се.
Мене ми излегоа како ситни црвени бемки на телото. Бев на др дерматолог, ми рече хормонски се, од покачени естрогени и слично а јас со 6000 естрадиол во јули... сега ќе си ги носам, на цело торзо ми излегоа.
Веројатно ќе ти се повлечат? Не дека за стално ти се? Кога ќе ми текне дека маж ми кенка за сперма оставање кога треба. А ние што све трпиме...
Нема , ми рече ќе останат. Среќа многу се ситни и најмногу имам на стомакот. Сега ми се појавија наеднаш последниве 3 месеца ама ни на крај памет не мислев дека ќе ми каже од хормони.Пуздер ме направија инекциите. Вакви се
Не е до тебе. Со нормални бремености се насипав цела исто. Од бременоста е без оглед најверојатно како е зачнат плодот. До гради, стомак, нозе, грб... Некаде имам поголеми, некаде помали... Хаос.
Те смешав со Ливинг. Може е со причина? Од кај знаеме животот што носи. Дај боже, еве ја те тегнам. Ама естрогенот е виновник за црвени бенки дефинитивно.
Zdravo devojki, Spremam dokumenti za tret Vaucar. Prethodni 2 neuspesni Invitra. Imam nizok AMH so vrednos 0.8 Dali nekoja ima primano nekakva terapija za podobruvanje na kvalitetot na jajce kletkite? Kako bi mozela da go podobram nivniit kvalitet? Fala vi ! Pozdrav
Девојки дали со машки фактор олигоастенозооспермија гравис е потребно да се прави ХСГ или може да се приложи само 4Д ехо за ваучер? Исто за сопругот дали има потреба од ехо на тестиси од уролог или нешто грешка сум разбрала за ова? И од лични документи, венчаница, фотокопии од лични карти и друго нешто дали треба?
Јас со 0.36 амх, после 10 месеци пиење дхеа, овунорм, имприл, на следна проверка на амх 0.79 беше, а претходно знаев и мислев дека не се зголемува таа вредност. Е сега имав празни фоликули на 2 пункции ама имав успешно инвитро веќе следниот обид. Тсх и пролактин исто мора да ти бидат идеални, мене и тие ми правеа проблем. И секако витамин д малку поголема доза да примаш ако имаш недостаток.
Како ти утврдија проблем со ендометриоза, имаше ли пред првата бременост проблеми? Ако си немала, од што може да настане? Ова не ми го кажале како можен проблем кај мене.
Ехо за сопругот не треба за ваучерот но консултација со уролог е добро за вас... но со таа дијагноза мислам во зависност од процентите зависи дали ќе бараат инсеминации а Хсг и 4д треба (хсг нетреба во случај да имаш правено хистеро или лапароскопија) но сепак нека кажат членките кои биле во слична ситуација
Немам направено нито хистеро ниту лапароскопија. Матичната ми рече дека најверојатно ќе треба и ХСГ иако имаме проблем со машки фактор. Сепак ме интересира и искуство од тука ако имала нечив сопруг со дијагнозава.
Ќе пишат и другите се надевам но Хсг ќе треба во секој случај за проодноста да се види... (и само тоа важи не е како другите по 6 или 12месеци)