Во таа лабораторија при Институтот за јавно здравје тестираат ковид за самоплаќачи, на кои им треба резултат најчесто заради патувања или одредени операции, не ги тестираат оние што се суспектни, упатени преку матичен доктор. Јас така бев прошлиот месец. Инаку, да, од сабајле е најголема гужва бидејќи за Ковид ми се чини дека тестираат само до 10. Одете покасно.
Прашај мила дали можеш да смениш Др Трајковски и го замени метформинот на @Twins256 за овие. Може и твојот Др ќе ти рече ок пиј
Женски, јас денес се видов со матичниот и за пролактинот ми препиша достинекс да пијам по шема 5 месеци и плус вагиналети полигинакс секоја втора вечер...
Поздрав @ladystardust ...кога бев на консултации кај Влатко од Борн,му реков дека пијам метформин и дека инсистирам да ми ги замени со нешто за ПЦОС,зошто не ги можев веќе поради големите промени во столицата и а не гледав дека имам некој аир од нив...Веднаш ми ги предложи Фертилимин..ги пиев само месец дена 2×2 (можда месец ипол,па веднаш почнавме со постапка)и не згреши човекот...од вториот ден веќе се осети разлика, некако имав и повеќе енергија..За моето успешно второ ИВФ верувам дека фертилиминот ја одиграа својата улога до некаде со оглед на тоа што мн кратко време ги пиев..Топла препорака.. Она што го напиша Лунагреј за цената и колку време траат е баш така...
Најверојатно сум го имала ова и пред првата бременост само не сум имала проблем тогаш за забременување (ендометриозата е непредвидлива , може да ја имаш цел живот а да не знаеш затоа што не создава проблеми , а може и да прави мнг проблем посебно при забременување ). Имам многу болни циклуси уште од најрана возраст . Доктор Трајковски на преглед ми кажа дека се сомнева во нешто вакво (кога почнав да правам испитувања за да видам во што е проблемот, буквално едвај ме прегледа од болка ). После правев ХСГ кое не беше баш јасно и по препорака на Лазаревски направив лапараскопија , се утврди дека каналите се во ред , но дека имам како ендомертиозни жаришта. Ми кажа ,дека е исчистено колку дозволувале можностите и поради циркулација на јајниците не се отишло на целосно чистење. Ми кажа природно да се обидуваме (6-12 месеци ) дека најверојатно ова го имам цел живот, дека ете не ми преставувало проблем за првото кое си го добив по природен пат, ама не знам дали има логика да чекам . Моето мислење е дека тогаш сум била помлада , па ова не ми претставувало проблем и затоа ќе започнам со постапкава .Нема откажување ,желбата за бебе е иста без разлика дали е за прво , второ, трето..
@Twins256 фала ти, да, позната ми е твојата ситуација со фертилиминот и меформинот. Мене ендокринолог ми препиша глугофаж (метформин) бидејќи имам и покачени андрогени хормони (кај мене и тестостеронот и андростендионот се над горна граница), а метформинот покрај другото влијае и на нивно регулирање, односно намалување. Јас пијам само една доза од 750 мг навечер кога вечерам и немам апсолутно никакви нус појави од нив. Искоментирав зашто сакам (wishful thinking) доколку е можно да пијам што помалку лекови, ако веќе постојат суплементи и витамини со сличен спектар на делување. Ќе направам муабет, ма да мислам дека во мојов случај ќе се држиме до метформин, баш поради андрогените хормони или бар додека не се намалат...
Не' има неколку девојки на темава со таа дијагноза и сме пишувале повеќе пати, за среќа има и неколку членки што се баш моментално бремени преку ин витро, а имаат дијагноза ендо. Нема правила со ендо, некои немаат никакви проблеми за природно да забременат, некои вака како нас мора повеќе да се помачат и одат на ин витро. Најголема опасност од ендометриоза и особено од ендометриом (чоколадна циста) е предвремена оваријална инсуфициенција, така што не е лошо пред да почнеш со постапка да провериш и ниво на АМХ.
Лунче, како ти ја одреди дозата Трајковски? Мене ми рече 2х1 доста ми било фертилимин... Не знам по што го одреди тоа, килажа ми е 64-65кг, немам хормонални пореметувања ни пцос...немам ништо освен неколку дијабетичари во фамилија (откај мајка ми голем дел од семејството)..
Исто и кај мене беше 3 месеци ги пиев иста доза како тебе и се киниса на подобро,сега за следен трансвер не знам Што ке одлучи !
Сама си ја одредив Така пишува дека треба да се пие во упатството па така и пијам. Некогаш и мене ми се случува да пијам само две на ден место четири. Мене ми беше инсулинот 11 па откако ги почнав го проверив еднаш, ми беше спуштен на 2. Наредна недела пак ќе го проверувам. Верувам дека ми е од нив, зошто немам сменето нешто во исхрана. И да пиеш само две на ден прави разлика
Две ќе пијам, само некако ми е нејасно. Во целата подготовка за последново ивф не си прашав убаво...тогаш ми даде сиофор од 500 (имав поз.тест но плодот не се развиваше), после тоа ми рече да земам фертилимин. Скриен шеќер немам, инсулин нормален, ама ќе си пијам.. може и тоа имало врска. ПЦОС немам.некој ако е поупатен во метаболизмот на шекери нека прати некој линк, или добра идеја е и јас да си ја зачитам книгата што ја спомнавме.
Еве ја книгата @_Vera_ Ама не знам дали може да се симне вака Нека ја закачи @le.soleil ако не и е тешко Има цело поглавје за мио инозитол И за др важни суплементи
Имаш испитано мутации? Како и да е , најсигурно е да си пиеш метилирана фолна, ама за доза ќе се консултираш со докторот кој те води. Обично сите земаме од оваа, десно на сликата
Доктор ми препорача по 1 таблета дневно инаку имам испитано мутации и се покажа склоност кон мутации поврзани со тромбоза и сл. болести
Инсулин 11 е проблем? Може да влијае на квалитетот на ј. клетките? Последно кај мене беше 12 и малку ме загрижи, но бидејќи е во границите, не помислив дека може да биде проблем. Ендокринолог ми рече само да внимавам на храна, без тестенини и благо. Почнав и јас Овунорм пред 1 недела и се надевам и кај мене ќе се намали инсулинот.