Да во граница на табелата е 11 ама сепак е висок, добро би било да е до 6 инсулинот на гладно. Инаку влијае на квалитетот на јајце клетката како и на имплантација. Висок инсулин според истражувања што читав, ги намалува шансите за успешна имплантација.
Ти благодарам. За колку време ти се намали инсулинот? Мислиш дека Овунорм влијаел на намалувањето или земаше и некоја терапија за тоа?
За месец ипол. Само фертимилин пиев, ништо друго од терапија. Го прашав Др дали мисли дека ми се спуштил толку од фертимилинот, ми рече кратко е времето да делува толку одма ама можно е. Е сеа јас прв пат кога го проверив беше 11. Може баш само тогаш бил висок. Да имам проверувано повеќе пати па да знаев дали ми е секогаш толку... може ми е низок природно, не можам да знам. Зошто јас прилично здраво се хранам и сум активна,55кг имам. Сега пак ќе проверам наредна недела. Пред две недели ми беше 2. Па ќе можам да направам некаков заклучок...
Провери обавезно. 2 ми се чини ниско. Читав малку на нет, ме заинтересира. Пишува дека не е добро да е ниско, ниту високо, блиску до горната граница. Идеално е околу 8-8,5. Сега и јас ќе се ангажирам малку повеќе околу храна, веројатно повторно хроно ќе почнам. Само раат да не сме.
Девојки знам дека има во темата за DHEA ама дали има сега скоро некој купено? Каде ги има кај нас? Или ако сте нарачале од iherb кои се добри?
За од ихерб не знам. Ама имам читано дека микронизирана дхеа е подобра варијанта. Стисни горе на лупата и пиши микронизирана дхеа и оди на пребарувај. Ќе ти излезат мислења од членки па разгледај, прашај ги од каде набавуваат. @Ана на мама мислам имаше број од некоја жена која ги донесувала кај нас
Не постои нешто како низок инсулин или хипоинсулинемија. Што пониско ниво на хормонот, толку подобро, висок шеќер следствено значи и висок инсулин. ОК ти пишала Луна, најдобро е да е до 6-6,5. Тоа е оптимално ниво. Кај мене последен пат беше 3, ендокринологот рече дека е одлично. Што повисок инсулин толку поголема индикација дека нивото на шеќерот на гладно и по јадење е високо, па панкреасот мора дополнително да работи и да создава поголемо количество на инсулин, за да го држи шеќерот под контрола. Со тек на време панкреасот се преморува, организмот ја губи инсулинската сензитивност и се јавува резистенција на инсулин која понатаму доведува до дијабетес и кардиоваскуларни болести. Висок инсулин значи и слаб метаболизам и слаб квалитет на јајце клетки. Диетата треба да биде фокусирана на храна со низок гликемиски индекс, на комбинација на комплексни јаглени хидрати (полнозрнасти житарки, полнозрнаст овес, киноа, хељда, интегрален ориз, благ компир, просо, наут) со протеини и свежи салати, избегнување на било какви прости шеќери (особено благо, овошни сокови, вклучувајќи и природни цедени сокови, и било какви производи од бело брашно, обичен бел ориз и компир). Инозитол и метформин е прв избор на третмант на висок инсулин и особено ПЦОС бидејќи двете состојби најчесто одат рака под рака една со друга. Ти знам дека пиеше Имприл, мене Имприл ми беа дадени првенствено за контрола на инсулинот, сега ми воведоа и метформин, ама поради зголеменото ниво на андрогени хормони. Ама јас сум со ПЦОС. И Овунорм е добар препарат, бидејќи во составот има мио-инозитол. https://impryl.com/home/insulin-resistance/
Ти благодарам за објаснувањето. Ново ми е ова и мора убаво да исчитам и разберам. Од јуни го пиев, но две недели веќе не пијам Имприл и преминав на поединечни метил фолат и метилкобалт амин. Метформин е доживотна терапија?
Девојки некое искуство имав пред два дена болка како со нож да ме сече внатре во долниот дел на стомакот кратко време трае еве сега моментално пак траеше неколку секунди ама болеше баш не е како гасеви кога имаш не е таква болки до сега не сум почуствувала болка во претходните трансфери..
Предијабетичари и дијабетичари кои не се на инсулин, метформин пијат доживотно, останатите не. Честопати кога се постигнува контрола врз шеќерот и инсулинот терапијата доколку не е неопходно се прекинува. Знам дека и во бременост го прекинуваат после некое време. Во секој случај, кога е веќе препорачан да се пие, особено во репродуктивен период се пие долго време, некогаш и со години. Меѓутоа зависи, секој организам е различен и кон терапијата и дозите различно се пристапува. Ако еднаш си имала повисок инсулин на КС не значи дека имаш метаболички проблем, ама во секој случај не треба да се остави и треба да се испитаат повеќе работи.
Дај боже мила да е тоа ме фати страв си велам што болка ке е ова.. Те гушкам и посакувам да успееме сите
Luni и мене ми беше така краткотрајна силна болка во матката јас мислам дека е знак на имплантација барем кај мене беше така дај боже да ни се пофалиш и ти уште колку дена имаш до тест ❤
Ајј како сте ми подршка, еве пак ме фати болка, нека боли само да е за убаво се ке се издржи инаку уште точно една недела за тест
@Luni иста болка како со нож да ме боди некој имав и јас неколку секунди и имав позитивен тест, еве 6 та недела имам уште благи болки и грчеви како за добивање, се надевам дека е тоа се нормално .... не се секирај тоа е највероватно вгездувањето на ембриончето❤️
@ivanna_nadez @Лаура82 @Milce89 Ајјј жени борци ме возбудивте позитива сте ми ке славиме сите тука до една мораме да успееме на било каков начин ке се оствари нашиот сон да си бидеме мајки
Jas denes so nekoja povremena oshtra bolka sum,de ja ima de ne.Rano e za toa deka neshto dobro se sluchuva,loshi misli mi doagjaat Jajnici mi bolat chudno