Од плачење фајде нема,све ке помине,но секој следен пат,секој следен преглед после позитивна бета ке биде уште повеќе стресен...е од ова богами бегање нема... Мозокот ке заборави,но срцето и душата нема..ке остане врежана таа лузна од раната што печела повеќепати...од пусти страв ке се мрднеме од умот... За жал,тоа е реалноста наша...АМА...се ке пребродиме еден ден кога нашето навидум (зошто ЗНАМ ДЕКА КЕ УСПЕЕМЕ) невозможно чудо ке си го земеме во нашите раце... И не заборавајте друшки мои...СÉ СЕ СЛУЧУВА СО ПРИЧИНА...тоа е моето мото кое ме тера храбро да чекорам напред со крената глава!!!
Нема утеха мила, ептен ми е жал Како што сама кажа, денес исплачи се, од утре главата горе.. Тешко, претешко..Но, затоа сме тука, да издржиме и да се бориме до крај
Мила, многу ми е жал... Немој да губиш надеж, се додека се има желба, се е можно. Немој да се оптоваруваш со тоа зошто не успеало, и кај мене досега секогаш се е добро, па пак не успева некако. Не е до нешто што ти си згрешила
Колку многу ми е жал, твинс.... Истото го поминав пред неполн месец, нема ни толку, ама како 2 години ми се виде чекањето да се исчисти... Дај си време да се исплачеш, имаш право и да си тагуваш и подолго. Секако дека сме силни и пак ќе застанеме на нозе, но загубата, иако рана е сепак загуба и си боли.. Иако уште не сум се соземала скроз, ми помага помислата дека барем настана бременост, за промена. И јас осеќам некој наплив на енергија за натаму, иако моментално не сум спремна да почнам пак. Многу е добро што си имаш замрзнати ембриончиња Одмарај, угодувај си, гушкајте се со мажето, ќе дојде време за акција пак. Не знам што точно сакав да ти кажам, но еве ти изразувам поддршка, те , и ако имаш некои прашања во врска со чистењето, пиши ми. Јас тогаш многу луѓе прашував, па еве само да потсетам ако ти треба.
Off mnogu mi e zal mila me rasplaka Znam kolku boli se soochiv i jas so vakva zaguba Traga ke ostane zasekogash,no ke pomine ke se namali bolkata,morash da imash verba,da bidesh silna,istrajna i borbena. Takvite uspevaat,ke uspeeme site
Фала ви на сите храбри жени за вашата утеха..знам колку значи зошто и јас тешев лавици со вакви неубави случки... Тука сме баш затоа !!! Посакувам сите да избегаме од темава што поскоро❤❤❤
Првиот спонтан го поминав исто без киретажа со капки(не знам точно како се викаа,знам по 5 капки ставав во мааалце водичка )и така се исчистив.. Овпј пат докторот ми даде апчиња CYTOTEC 200mg да се напијам 2 таблетки пд вториот ден кога ке почнам да крварам.. (очекувам во петок зошто веќе ја прекинав цела терапија) На контола сум во четврток,се надевам дека нема ништо да остане па нема да имам потреба од хируршко чистење...
И јас со цитотек завршив (претходно пробавме со капки ерготил, па инекции ерготил, па едни вагиналети простин мислам), ама упорно ништо не се дешаваше...на крај цитотек завршија работа. Беше малце болно, ама издржав со бускопан. Кај мене немаше многу крварење. Инаку, јас не прокрварев спонтано, се ова беше после 1-2 недели откако се виде дека не се развива плодот... Затоа ми се стори долго. Ама не сакав киретажа, (и др. ми препорача вака) и мило ми е што се заврши без тоа.
И јас немам ама баш никакво крварење сите овие недели...веројатно од терапијата(прогестееон депо,пролутекс-почнав на 4 дена,па после на 7 дена-, утрогестан вагиналети и клексан секој ден). Е сега,валда по прекинот би требало до петок да почне природно да се чисти(веќе и почнаа мааалку да се појавуваат грчеви и менс.болки).Апчињата биле ефикасни,но така е,и мене ми рече дека болки ке имам појаки и да пијам бруфен. Како ги пиеше цитотекот-едно дневно? И колку апчиња испи? Мене др ми рече само 2 да испијам,па да се консултирам со него ако има потреба уште 2 да се напијам и толку... Дали бускопанот ти помогнаа за болките? Фала ти на инфо❤❤❤
Кај мене беше по шема 3 вагинално, па за 3 саати 3 испив орално, па пак за 3 саати уште 3 испив. Тој ден го исфрлив, болки имав откако ги испив втората доза, претходно слабо. Нареден ден немав многу крварење и бплки, ама следниот имав доста болка во текот на еден саат два.Мислам дека тогаш излезе едно поголемо парче од ендометриумот. Тогаш со 2 бускопана бев, првиот ден само со 2 поминав, не беше страшно многу.
Здраво на сите, нова сум на форумов и би сакала да го споделам моето досегашно искуство... Изминатиов период посветив доста време на темава, како и на неколку останати слични теми на форумов...па иако не сум се вклучила со коментари морам да ви кажам дека научив доста корисни совети од вашите споделени искуства. Ви честитам на храброста и упорноста на сите вас храбри девојки и жени и знам дека еден ден сите ќе успееме заради тоа што среќата ги прати храбрите ! Инаку 3 ипол години како се обидуваме за бебуш и никако да успееме во битката... Пред 2 години забременив по природен пат, но не се разви срцева акција, па завршив со киретажа. После тоа сите обиди по природен пат ни биле неуспешни, во јуни правевме инсеминација која не вроди со плод... после се се решивме на инвитро... Правевме трансфер со замрзнати бластоцисти на 5ти ден, денес на 14ти ден мојата бета беше негативна Од ембриончињата ни останаа 4 кои ни се замрзнати и не чекаат за некој следен пат... се надевам успешен Прашањето ми е кога можам да правам следен трансфер? Страв ми е да не пропуштам нешто и за следниот...ако овојпат ми промакнало... Инаку историски по испитувањата кои ги направивме, сопругот е со нормозооспермија, мене ми најдоа мутиран MTHFR хомозигот(за кој подолг период примам метил фолна 1000 и почнав со клексан 14дена пред трансфер, по совет од трансфузиолог)...не водат како непознат стерилитет... TSH последен резултат ми беше 1.20, D3 34, amh ми беше 6.28 по кое испитување исклучив јаглехидрати од исхрана и вклучив inositol. Ве молам за некој совет, ако некоја од вас имала слично искуство како моето... Ве поздравувам сите и се извинувам на долгиот пост...ете така малку на долго за да споделам подетално
@Twins256 и @Angie77 Многу ми е жал. Силно и храбро напред и длабоко во себе верувам дека борбата ќе се исплати. Ви праќам многу љубов ❤
Здраво и тебе Трансфер со замрзнати можеш да правиш кога сакаш, бидејќи и сега било со замрзнат. Ако се добри условите, јас би правела бар преку еден циклус, малце сепак да одмори телото. Дали имаш правено хсг? Не знам колку е слично моето искуство, слично е по клексаните и по мтхфр мутација ама хетерозигот, инаку мислам малце покомплицирана е нашата слика. Во секој случај, има многу двојки со необјаснет стерилитет, а досегашнава борба ми покажа дека во медицината 2 и 2 не се 4. Правила нема. Со трпение, ќе дојдете до успех.
Ние сме скоро ист случај,можам да ти кажам дека вториот трансфер со замрзнати ни беше успешен. Првиот трансфер ми беше на 31ви март,вториот на 21 август. Ви посакувам тек на настаните како нашиот,само позитивно.
Здраво мила, Тука сме со мутациите, јас само плус пијам имприл. Можеш одма следен циклус, зависи како се чувствуваш. Ти посакувам следно успешно