Читам и како себе да се читам. Све исто освен амх кој мене во 2 години драстично ми падна. Не сватив за што пиеш инозитол? Кај кој доктор си?
Девојки, кажете ми после неуспешно инвитро што предлагате да се испита дополнително? Искрено јас немам ништо испитано посебно. Тсх-то ми беше под горна граница, не пијам терапија, немам испитано антитела. Генетски мутации исто. Сакам да ми дадете некој правец да знам што понатаму? Дали сте за менување доктор после ваков случај? И кога би менувала кој доктор би ми го препорачале? Кој се залага баш околу пациентите? Јас имам замрзнато ембриони во Ремедика. Правев трансфер на замрзнати нареден циклус после стимулации, поради ризик од хиперстимулација.
Се радувам за успехот, дајбоже сите во групава што поскоро да се израдуваме Каква терапија примаше за успешното ивф, ако можеш да ми кажеш? Инаку и нас првото ни беше со замрзнати, после пункција правев пауза заради хиперстимулација и замрзнавме се.
Би почекала секако да се стабилизирам некој месес, фала на совет и поддршка Инаку за што се пијат имприл?
Кај Петановски сум. Инаку по испитувањето на амх ми ги дадоа да ги пијам 3 месеци за подобрување на квалитетот на ј.клетките.
Драга и јас се обратив тука за истото, баш за дополнителни испитувања...по неуспешно инвитро... Јас со резултатот за негативна бета се соочив вчера ...па денес ми е некако многу полесно после сите совети и поддршка на форумов Она што мене ме насочија да испитам по неуспешната бременост пред 2 години е: -Хсг -Тироидна со антитела (анти тпо и анти тх) -генетски мутации -витамин Д3 -ОГТТ со инсулемија -AMH (оваријална резерва) Се надевам дека ти помогнав...Поискусните може ќе дадат и некој совет плус Читам дека доста испитувале Д димери Хемостаза Хомоцистин Кариотип ХЛА типизација... Јас овие последниве ги немам испитано па би сакала некој што испитувал ако може да не насочи во кој момент и зошто се прават овие испитувања? Голем поздрав и посакувам многу скоро успешно ивф Инаку да се надоврзам и јас правев исто во Ремедика, исто со замрзнати заради хиперстимулација. Кај кој доктор си моментално? Најдобро е да видиш на следната контрола каков ќе му биде пристапот, да видиш како ќе се постави дали детално ќе изанализира што се случило и на што ќе те упати како следен чекор...
Многу многу ми е жал мила, те силно.Исплачи го сиот стрес и сета тага, и главата горе. Овој пат иако е долг и тежок, само позитивноста што ја имаш и шириш ќе те направи среќна следен пат.
Кај Др-Хаџи Лега...Од се тоа што ми наброи имам само Д3 испитано и имам умерен дефицит и пијам по 2000UI дневно. Друго немам ништо. Ти кај кој доктор си и како си задоволна?
Јас како што читав овде дека за успешно ивф важно е Витамин Д да биде над 30, мојата вредност 2 месеци пред ивф беше 32 по што пиев Д3 од 2200IE, но повторно не сум го испитала. Некоја од девојкиве овде имаше пишано дека за да се покачува вредноста на Д треба да се пие во комбинација со витамин К... Следно испитување ќе проверам дали е успешно покачена вредноста на Д и ќе се советувам дали да вклучам К... Инаку ме води Петановски и засега сум многу задоволна од него, не планирам да го сменам...и покрај неуспешното ивф. Ми влева доверба и сигурност дека ќе успееме. Кога почнав да одам кај него негде април годинава се префрлив, он ме насочи да ги испитам сите тие точки погоре...освен ген. мутации и ХСГ кои ми беа претходно испитани.
Па искрено за него и се размислувам... али ќе видиме што како. Јас претходно мислев дека е презафатен и нема многу да посветува внимание.
Само да се надоврзам.Јас имам успешно ивф кај Петановски.Ја водам и бременоста кај него,мн сум задоволна,ми објаснуваше детално што како а и на моб.ми е достапен кога ми треба.Ви го препорачивам и посакувам успех нареден пат
@TanyaClover @kara.petra Да се надоврзам и јас Јас сум кај Петановски. Иако трансферот беше неуспешен, јас сум задоволна од докторот и имам доверба во него. И како што кажа @DELFINA81 секогаш е достапен кога ми треба.
Девојки да замолам кој има последно инфо да сподели Хив и Хепатит Б и Ц ,каде може да се направат. Знам само дека во Железничар во моментов не прават. Фала ви
Свесна сум дека неможе секогаш од прва, дека има многу фактори што имаат влијание, но искрено многу работи не се испитани кај мене. Несакам да се занемарат
Никаква подготовка,на природен циклус,следевме овулација и 3 дена пред трансфер прогестерон,декортин,бускопан,аспирин и дијазепам на ден и после трансфер,тоа е стандардна терапија во Њуборн и заради хомозигот на mthfr клексани примав и 2 недели пред трансфер,на своја рака пиев и пробиотик после трансфер. Кај нас мислам првиот неуспех се должеше на неквалитетно ембрионче,вториов пат вративме две и едно се фати.
Исто и кај мене. Неуспешен трансфер имав, веќе договараме нов, а испитување ништо не сум направила..Читајќи ги другите искуства, може и треба да се проверат некои работи. Сепак мислам премногу пациенти имаат и не даваат 100% и докториве за жал