нема зборови, не очекував затоа што видов дека икси пишува на извештајот и кој би помислил.. систина и јас се изненадив од ембриолозите и нивните апансас решенија без да се консултираат ни со мене, а не знам за докторот, ама не верувам.. битно, сега ќе знаеле за следен пат бе, што сме ние, заморчиња?? а годините, немало гајле као, до смрт ќе ме мачат, ужас.. инаку докторот е прекрасен, само ради него отидов, тој направи фантастични 8 јајце клетки на мои години (тоа го потврди и ембриологот), ама изгледа исто битен е и ембриологот, не само докторот
Крајно непрофесионално и крајно безобразно! Што сме ние, па туку така за 6 месеци, па уште и ваучер нов. Нареден пат на нивен трошок тррба за извинување. Смири се мила, да смениш неможеш ништо, ама види дали можеш за нареден пат да си олесниш нешто. Те гушкам
извинете, може ве потресов сите, може не требаше да пишам, посебно што не треба да губите доверба во докторите и лабораторијата ама бев избезумена од дрскоста и непрофесионалноста, не ми се веруваше дека е возможно, ама изгледа мора да сум ја пример за сите ретки ситуации што може да тргнат наопаку ќе зборам со докторот да, може и ќе побарам ко што викате на нивни трошок ради нивна грешка, но што од тоа, пак ќе си го јадам јас стапот со сите хормони ај пак се налутив.. ве гушкам и не се обесхрабрувајте, јас сум марфи цел живот, нема да се случи на друга, сигурна сум
Да мила многу е битен и ембриологот незнам многу се изнервирав за ова што ти се случило не е фер ова е најболно незнам каков совет да ти дадам но разговарај со докторот па макар и треба да е бесплатен наредниот пат мада што ние овде не ги гледаме многу парите иако се битни и тие мораш да ги имаш но многу побитно ни е здравјето хормоните не се за примање туку така незнам неможам да сватам и неможам како е можно но не седи така и немој да си тажна оди понатаму со сета сила и разговарај на смирен начин со докторот немој да избувнуваш сепак ти одлучи си али барај си го твоето.
Kako bre mila vaka,stvarno se iznervirav i potresov.Sramota i greota e Nemoj ne se nerviraj znam deka nemozesh a da ne se nervirash no kolku shto mozesh daj si sila i napor i bidi shto po smirena.Obavezno da odish na razgovor i so doktorot a i so embriologot.Koj embriolog raboteshe na tvojot sluchaj? Te gushkam,bidi silna
Не мора да кажуваш кај кој Др си, сепак не била негова грешката. Ете не мора ни ембриологот да го именуваш. Меѓутоа би те замолила сепак да ја кажеш клиниката во која се случило ова. За да бидеме попретпазливи. Сите тука сме споделувале лични искуства, затоа е и темава, да си даваме информации и да се поддржуваме.
Пиша погоре дека е Систина. @Мишел* многу ми е жал. Многу неоговорно каде и да било ова. Не смеат да си дозволат вакви грешки. Побуни се кај докторот, па и на друго ниво ако треба. Нека си ја поправат грешката. Зарем не се подразбира ICSI во скоро сите случаи? Или јас сум во заблуда?
Не видов, моја грешка иначе, кога има повеќе јајце клетки (10,15,20 да речеме) и ако машкиот фактор е добар, оставаат 2,3 да се оплодат природно(тоа се вика ин витро оплодување,ги ставаат во тањирче јајце клетките и сперматозоидите и оставаат сами да си ја завршат работата) а другите (повеќето) икси(каде со игла се внесува еден сперматозоид во една јајце клетка) Ама сите да ги остават во никој случај не се дешава, зошто е огромен ризик.
И јас така мислев, но пред постапката се расчитав и видов дека има разни начини на оплодување, но штом пишуваше во извештајот, не се распрашував и си реков во ред, така одлучил докторот (и изгледа со право)
Ако ова се однесува на мене, точно, многу неверојатно делува нели, еве се' уште седам и не можам да си поверувам..
На мене да ми упропастеа 8 јк, да ми кажеше докторот од приватната клиника дека е нивна грешка .. не само што на форум ќе го кажев, туку и на вести ќе ме имаше како го обелоденувам случајот. Со име и презиме. Да ме кљукаат со толку хормони, анестезии да примам...и да ми рече докторот - згрешив! А јас да молчам ! И да седев и да си се чудам. Нема шанса
Не мора секогаш да е икси. Кај мене последниот пат кога имав пункција на природен циклус идевме со класично оплодување, за прв пат. И баш тогаш добивме бластоциста, исто за прв пат
Жал ми е мила,ова е неопростиво!!! Јас би ги тужела,око нема да ми трепне...Како бе така,па ова не е вадење заб,па чекај малце помалце анестезија ставив,извини што те болеше...Божеее..не ми се верува... Знам дека времето не може да се врати,и дека се овде што ќе прочиташ ти е некако џабе,ама имаш потполно право на тужба...јас би и те како,од гнев...ај да била 1 ј.к ке речам ексик,може така требало да биде...ама 8 ј.к???? Па сите сонуваме за таа бројка, колку хемија поминало низ телото да дојдеш до тие 8 (или една,не битно,хемијата е иста) и да ми кажат извини???? Со почит кон докторот,ама со закон кон клиниката.... Нема назад,знам ,ама размисли,консултирај се со стручно лице за ова... Среќно!!!
Знам девојки и многу ми значат вашите зборови еве од прееска сме во неверување со мажот и милион турбуленции поминав од ќе ги тужам до тешко плачење до очајни мисли за самоубиство (ако сме веќе искрени) Чекам да позборувам со докторот прво, но врз база на што да докажам и да ги тужам, имам извештај од пункција со икси муабетот, но немам нов извештај, зар мислите ќе ми дадат таков.. не верувам. Ајде прво да зборам со докторот. Уште се осеќам ко да ми умрело нешто, ми се тресат рацете при пишувањево, ај може утре ќе бидам попаметна. Фала ви уште еднаш за бодрењето, ве гушкам..
Јас на твое место одам во управа на болницата и се заканувам со тужба нивна гре Мене кога не ми се оплодија јк ми дадоа извештај колку јк се пунктирани колку оплодени каква метода е користена и статусот на ембрионите кои што се добија (а е беа во ред) се напишано Оди утре на разговор и побарај ваков извештај и види што ке ти напишат за кој метод на оплодување е користен ако имаш разлика во она што го пишал док имаш основа да тужиш а во најмала рака да разговараш со управата на болницата за наредното ивф да ти го покријат целосно на нивен трошок или да си се соочат со тужба Извештајот ти следува законски и да си го бараш слободно Ти посакувам да ја добиеш оваа битка
Малку доцнам но сепак мојата подршка за тебе е тука. Мила баш ми е зал, што и да кажам секој збор е сувишен.... Немам зборови за утеха но во моментот ти го посакувам целиот мир да го имаш во душата, да останеш позитивна како што си, верувај во Бога и набрзо твојот и сечиј сон за бебе да стане реалност. Те гушкам силно