Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    261 глас(а)
    15,1%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    201 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    59 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    36 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    20 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    100 глас(а)
    5,8%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    80 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,4%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    107 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    314 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    280 глас(а)
    16,2%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    33 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    57 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    49 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    10 глас(а)
    0,6%
  1. TanyaClover

    TanyaClover Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Девојки ајде помош... мојот тест е негативен па е негативен.. Знам дека несмеам да прекинам терапија до бета. А бета треба да правам во понеделник. Али јајнициве ќе ми прснат од болка, како за циклус, се повеќе и повеќе. Дури и денес ми се појави кафено... дали е можно да добијам и пред прекин на терапијата? Дали се нормални болкиве?
     
  2. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Мила баш ми е жал... Ова е бруки невидени цццц немам коментар, само те молам биди силна. Најтешките борби Господ ги дава на најсилните војници :*
     
    На Tinka1234 и Мишел* им се допаѓа ова.
  3. Twins256

    Twins256 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2020
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    ❤❤ Фала мила за поддршката,навистина значат сите зборови од сите ....
    Си реков еден ден ке плачам и така беше...еве ме од денес нова јас,со уште по позитивна енергија и елан за понатаму...нема назад,само напред,со главата горе,со насмевка на лицето...само здравје да имаме,тоа е најбитно поготово во ова време невреме...
    ❤❤❤
     
    На Alex*, Ketty_80, LivingGlam и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Brinjonka

    Brinjonka Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2020
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Jas istotaka imav bolki okolu 11 den od transfer,i mi se pojavi i kafen iscedok,se javiv na sestrata i mi kaza da napravam porano beta test,napraviv porano i ispadna beta 1 i vednas mi ja prekinaa terapijata
     
    На TanyaClover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Јас направив бета на 10ти ден. Негативна беше и му кажав на докторот дека ми е негативна и дали може да ја прекинам терапијата и ми рече може.
    Не сакав да се боцкам уште 4 дена беспотребно. А и си зачував така клексани и пролутекс за следен пат, да не отидат залудно. Можеш утре сабајле да провериш бета за да бидеш 100% сигурна, таа дава точен резултат и пред 14ти ден.
    Најдобро да му се јавиш на твојот доктор и со него да се консултираш.
     
    На BelataMasai, fana, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Nina6

    Nina6 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    I jasnapraviv beta test porano i bese negativen i doktorov rece da prekinam terapija.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sara85

    Sara85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Страшна непрофесионалност, ако не ти е проблем кажи само која клиника и моја препорака никогаш за ништо повеќе да не одиш таму
     
    На Мишел* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DaisyDream

    DaisyDream Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    4.964
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал женски, сочувствувам со вашата болка, и на сите кои имале неуспешен трансфер. Поминуваме еден мал пекол, и некогаш се лутам на Господ и на животов што не е фер...ама на секој му дава толку, колку што може да издржи. А ние сме најјаки очигледно. 8) Исплачете се и време лечи се, ќе помине и живи и здрави да сме најважно - одиме понатака.
     
    На kara.petra, Мишел*, Cherry blossom89 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    176.030
    Пол:
    Женски
    Ембриолог во Систина е Бобан.
    И има женска една , Анетка чинам беше.
    Баш ќе му кажам на Бобан за негативното искуство на членката.
    Ако направил таква утка нека си ги сноси последиците
    Додуша они и читаат на форумот.
    Има жени кои даваат по 5.000 евра за донирани јк.
    Што бива и кај нив ако направат ваква 'грешка'.
    Затоа јас одлучив да реагирам уште утре во Систина.
    Не велам дека членката лаже, ама Систина важи за најреномирана приватна болница.
    Вакви пропусти не смеат да им се случуваат.
    Треба да се слушне и нивната страна.
    Не може бре само така - Згрешив , следниот пат ќе се потрудам да не згрешам. Па и да теши као - имаш среќа што имаш право на нов ваучер.
    Демек Они го даваат ваучерот.

    Јас сум запрепастена од ова што го прочитав и од реакцијата на ембриологот.
    Ако навистина е така де.
     
    На Lara2, Сакам бебче, Stara и 22 други им се допаѓа ова.
  10. AniSel

    AniSel Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2020
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    793
    Пол:
    Женски
    Не се подразбира. Се користи кога има (и) машки фактор.
     
  11. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    И во други болници се прават утки, ама не ги дознаваме. И јас и многу други имаме правено Ивф со донор, знаеш каква беше реакцијата на ембриологот во Ремедика на нашата реакција дека се оплодила само 1 јк од 4 од донорката? Па зашто не си купите повеќе,ќе се оплодат повеќе. И ние реагиравме на писмено па не ни беше одговорено. Не верувам дека на членката ќе и дадат нов извештај, само може да оди и да збори повторно со нив зашто не е во ред веќе кога ја признале грешката да речат дека ќе треба да плати следен пат. Треба да оди комплетно бесплатно.
     
    На Сакам бебче, Sara85, Мишел* и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    176.030
    Пол:
    Женски
    Тоа е друго.
    Во Систина конкретно кажуваат ..
    Од 8јк оптимално е да се одмрзнат 4-5.
    Од нив оптимално е да добиеш 2-3 ембриони.
    А може и само еден.
    Имало случај и ни една да не се оплоди.
    За сите можни исходи унапред те информираат.
    Нема гаранција дека донираните јк ќе се оплодат.
    Јас не велам дека не може да 'згрешат'.
    Ама така да ти се јават и апла да ти речат- згрешивме , проштевај...
    Шо знам:^)
     
    На Сакам бебче, Stressed Out, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Ни мене не ми е јасно како згрешиле со толку јк, или како не им текнало да се поправат веќе кога згрешиле со една или две. Страшно. Инаку, тоа е тој процент што може да се оствари, една или две јк да стигнат до ембриони. Ама зашто да чека ваучер, кога е нивна грешка, нека оди одма бесплатно.
     
    На Сакам бебче, Stressed Out, Juni1985 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    176.030
    Пол:
    Женски
    Нека оди.
    Нека обелодени.
    Извештај мора да и дадат. Вели дека веќе и кажал ембриологот дека класично оплодувал , а др имал пишано икси.
    Како ќе и напише извештај дека одел со икси кога веќе друго и кажал на тел?!
    Па ќе го изедам бре !
    Нема шанса да си велам- тоа е ,јас сум марфи цел живот
     
    На Сакам бебче, Stressed Out, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    Мое размислување е дека ниедна членка од форумов што е пациентка во Систина не е коректно да се вмешува во ситуацијава на @Мишел* и да бара објаснување од ембриолозите што се случило и како се случило. Станува збор за деликатна ситуација, од интимна природа, тако што Мишел е единствена која треба да бара објаснување што и како се случило и да бара отштета, доколку се покаже дека е грешка од немарност.

    Систина е реномирана клиника со децениско искуство во ин витро процедури и тешко е да се даде било каков суд пред да се ислуша до крај и другата страна на приказната. Јас лично ова што се случило не го сметам единствено како пропуст и невнимание на ембриолозите, туку проблемот го гледам пред се во комуникацијата и односот доктор - ембриолог. Јас тврдам дека ембриолозите од старт знаат ако е проблемот е од машка природа, и дека консултацијата и одлуката со каков метод на оплодување ќе се оди се донесува уште пред пункцијата, од страна и на докторот и ембриологот. Значи тие работат како тим. Во конкретниов случај јас не прочитав (може и сум пропуштила) ако Мишел пишала дали кај нив е машки фактор во прашање, па мора да се оди со ИКСИ метода на оплодување. Мојот ембриолог во текот на целиот процес од пункцијата до замрзнувањето беше во постојан контакт со докторот и сите одлуки ги носеше во консултација со него, а не сама. И затоа мислам дека конкретнава ситуација пропустот е во комуникацијата доктор - ембриолог, а не само кај ембриологот, а која е причината за тоа може само да наѓаѓаме.

    Друго, зборувате околу оплодување на јајце клетки. Статистиките за ин витро секаде во светот говорат дека од пунктираните јајце клетки околу 30% не се оплодуваат, а од тие 70% што се оплодуваат, 30% понатаму арестираат во развојот. На крај, оптималната бројка на добри ембриони што имаат потенцијал да се трансферираат е 30%. И едноставно тоа е ин витро. Не ми е јасно зашто некои мислите дека ако станува збор за донирани јајце клетки дека мора да постои гаранција дека сите или најголем дел од нив ќе се оплодат? Под микроскоп јајце клетката е или зрела или недозреана, а знаеме дека само тие што се зрели имаат потенцијал, НО НЕ и гаранција да се оплодат. Без разлика дали е купена за 5000 еур, или е донирана од сестра или братучедка.

    И трето, околу ИКСИ методата. Не, не се применува рутински бидејќи самата има и контроверзни страни. ИКСИ се користи во случај на мал број добиени јајце клетки, во случај на дијагноза кај машкиот партнер (олигоспермија, тератозооспермија, астенозооспермија), кога ин витро се прави со замрзнати јајце клетки, кога се прави ПГД на добиените ембриони и во случај кога се прави ин витро матурација на јајце клетките. Во скоро сите други случаи се оди со класична метода на оплодување од причина што при ИКСИ ризиците се дека јајце клетката има мали шанси да се оштети во самата процедура, а со ИКСИ се зголемуваат и шансите за абнормалности на ембрионите и вродени аномалии кај плодот. Затоа во случаи на поголем број јајце клетки и отсуство на машки фактор, а без разлика на возраста на пациентката се практикува со класичен метод, при што најдобрите сперматозоиди се изборуваат при оплодувањето, а со тоа се намалуваат шансите за генетски грешки.
     
    На Knizhevnik11, Anemona, Cherry blossom89 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Секако дека треба да оди и да си го бара правото, како што кажа членката погоре, а не да мисли дека само неа и се случуваат такви работи. Секако дека и докторот има удел и треба да збори и со него и со директорот на болницата. И нека бара написмено да и одговорат.
     
  17. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Јас имав 17 јајце клетки и маж ми има добри сперматозоиди-нормозооспермиа, па сите ни беа оплодени со икси метода.
    Тврда е обвивката на јајце клетката, ризик е да се остави да се оплодат природно,колку и да е ок спермата. Не викам дека веројатноста е мала да се оплодат природно ама едноставно ивф клиниките сакаат да ги минимализираат сите ризици при ивф процес и посигурно е да се оди со икси.
     
    На Сакам бебче, Мишел*, simplegirll и 7 други им се допаѓа ова.
  18. simplegirll

    simplegirll Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2018
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    И јас исто мислам дека не треба никој да се меша во односот на членката со докторот и ембриологот, доколу има информација секако ќе ја сподели.Мислам дека доволно и е тешко за да ја осудуваме зашто не тужела,не кажала вака или така и да слуша како сите поединечно би изреагирале ,,ако,, бевме на нејзино место.Сигурно и @Мишел* нешто сторила.Едноставно едно и било пишано на лист,а сите ј.клетки ги ставиле на класичен начин да се оплодуваат ,можеби така сметале,можеби не се разбрале ембр.како и да е доста се осудува дека е марфи,дека треба да тужи или ние ќе бараме што како било....и да вришти и да и плати клиниката за 6 месеци ќе треба повторно да ја стимулираат ,девојката е оштетена и никој неможе да и ги врати тие 8 ј.клетки..едноставно сподели информација за да знаеме а не да ја судиме зашто вака или така не изреагирала. Од моето искуство грешки се прават, и јас сум имала одредени проблеми со ембриолозите,патот е тежок. Во медицината не е секогаш 2+2, кај мене беа извадени 9 ј.к, се развија 8 бластоциди,еден не се разви,дали беше тоа што пиев премногу витамини,или едноставно среќа незнам што да кажам.Ембриологот очекуваше 2 или 3 бластоциди и на крај ме праша дали сум менувала нешто во исхраната и што сум земала.Тука нема правило исто како и со ивф супер бластоциди супер ендометриум а неуспешно.
    Икси методата не треба да се користи рутински, но очигледно станува рутинска метода кај нас за жал,пр.во ремедика 99% се користи икси метода,класична метода на оплодување скоро и не користат,ако сум грешка нека ме исправи некоја членка од ремедика.
    Од разговор со доктори и ембриолози во Европа каде за прв пат се проучуваше и практикуваше ИКСИ метода, (првото прашање пред неколки години ми беше за генетска грешка при икси методата и дека класичното е сепак по природно,нивниот одговор на кратко беше дека неможе самото користење на икси методата да ја зголеми шансата за абнормалности на ембрионот,при ИкСИ метода ги бират најквалитетните сперматозоиди, доколку што е мн ретко се оштети ј.клетката ќе престане да се развива,нивното објаснување беше дека при ивф се оплодуваат повеќе јајце клетки и дека кога има повеќе ембриони сигурно дека ке има и генетски неисправен ембрион,без разлика за која метода станува збор, и паровите кои природно затруднуваат имаат биохемиски бремености за кои не ни знаат дека ги имале,едноставно ембрионот не бил генетски здрав па не ни доаѓа до целосна имплементација,во случаите со ивф тоа го гледат,чекаме знаеме, тоа беше нивно објаснување) единствено не се сложувам дека со Икси методата се зголемуваат шансите за абнормалности, за тоа има влијание квалитетот и возраста, сепак во Еу прават пгд на ембрионот кај нас кога каде реткост е тоа, па препорачуваат нифти или друг тест. Со ивф мн години вложуваме па повеќето сме над 35 год.со тоа се зголемува и шансата за абнормалности,исто како што има ризик и при природно зачнување доколку жената е над 35 год.
    Штета што кај нас човек доктор треба да стане па и самоиницијативно да реагира.
    Како и да е @Мишел* тука сме за тебе, не се нервирај за нешто што неможеш да го смениш, види зашто настанала грешка за мирно да спиеш и да знаеш за следен пат ,единствено барај си бесплатно следен пат се надевам ќе успееш, за жал поминуваме 1трнлив пат кој успешно ќе се заврши❤❤❤
     
    Последна измена: 28 ноември 2020
    На Cherry blossom89, NNA, JanaDarling и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Мишел*

    Мишел* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Да те замолам прво јас да зборувам со докторот кој што го ценам од тука до небо, сепак е мое прво да видам јас како ќе се постават па после ќе ви јавам па разговарајте со кого сакате, сепак овде пишав прво затоа што бев скршена, а не некој да ме проверува.

    Ви благодарам однапред.
     
    На melonka, Lara2, Bilka5T и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Мишел*

    Мишел* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Тешка грешка што во момент на голема тага не избројав до 10 и споделив, секој чест на исклучоци, но ова детективство, па и ќе зборат во мое име пред рака е страшно безобразно, го замолувам администраторот ако чита, нека ги избрише моите коментари па и мене ако треба, нема јас понатму со мојот марфи да ве вознемирувам.

    А ќе се свртам повеќе кон Зоја, затоа што само тие вистински се борат за нас и топло ви препорачувам на сите да ги поддржите.

    Поздрав!
     
    На Lara2, NNA, Cherry blossom89 и 8 други им се допаѓа ова.