Последниот резултат кој го имам од FSH и LH, а се испитани на трет ден од циклус се: FSH 4,27 LH 6,24 Инаку во средата на 13ден правев бета хцг добив негативен резултат, престанав со терапија и денес добив, дали ако во понеделник ги испитам ќе бидат релевантни резултатите или заради терапијата до трансфер и по, да почекам да се стабилизира телово па следен циклус да испитам? Што мислите?
Уф...тоа испитување го правев во мај и не се сеќавам колку го платив, нешто ми се врти како бројка или 4500 или 6500...најдобро е да се јавиш и да прашаш... Ама таму испитував и AMH и најверојатно цената беше за двете... така што за најсигурно прашај си
Баш поради донација може и да е направена ваква грешка. На 24.11.2020 една хрватица на хрватски форум напишала дека правела донација на ј.клетки во таа клиника и ембриологот и кажал дека спермограмот бил многу лош (што не било случај претходно) и 4 часа бирале сперматозоиди. Плус добиле 7 наместо платените 8 ј.клетки така да може заради тоа одвоиле време бар тие што ги добила да се оплодат. Јас кога прочитав си помислив дека не е можно 4 часа да бирале само сперматозоиди зошто тоа би значело заради потребното време да се оплоди ј.клетката дека тој ембриолог не оплодувал ј.клетки од други пациентки тој ден а сигурно имало повеќе пункции. Се знае колку ембриолози се ама не се знае колку пункции имале дента и дали е можно заради тоа што не можеле да постигнат да ги оставиле на пациентката (ако и е прво ивф,ако е млада и со доволно ј.клетки) да се оплодат класично намерно. Иначе во Плодност не прават и да бараш класично оплодување со објаснување дека и со чисти уринокултири, брисеви имале проблем со дадените примероци сперма и не сакале да ризикуваат а можноста да се оштети ј.клетката биле минимални само ако самата ј.клетка лоша т.е. нејзината мембрана.
Јас почнав да одам кај неа и сум задоволна. Ми направи детален прв преглед со ултразвук на тироида, ме упати на додатни испитувања и со терапијата што ми ја препиша за еден месец ги доведов во нормала андрогените хормони. Во последно време комуницираме на вајбер дека не сум во Македонија и одма ми одговара на се што ќе и пишам. Плус воопшто не се чека за преглед, можеш да закажеш од денес за утре.
Мене ме води од Април со терапија за Тироидна и Пцос сум/бев. Задоволна сум многу од неа, за хормоните ми рече прогнозирам од 3 до 6 месеци дека ќе се средат и така беше. Достапна е на вибер и телефон како што ти кажала членката погоре. Топло ти ја препорачувам.
Јас се одлучив за кај неа да ме следи за тироидната..имам само да кажам пофални зборови. Смирена, ислушува, советува, ми направи ехо на тироидната, ми одреди терапија и што е нај битно е многу заинтересирана за пациентот. Ми даде број за да може да комуницираме, така да јас сум пре задоволна од неа. Ти ја препорачувам
Imam edno prasanje.Dali nekade se prodava dostineks na parce.Mi trebaat 2 tableti a ne sum finansiski spremna da kupam celo pakovanje.
Имам останато 3 таблети со рок до јануари 2021. Ако ти вршат работа пиши ми лп. Затворена си за ЛП. Ќе ти подарам.