И јас исто се мислев за кај нејзе... така што и јас ќе си закажам за да средам хормони до следен трансфер.
Јас ќе правам во петок, така да прават се уште во Чаир, би било подобро да земеш документи и што побрзо да одиш за да ти закажат и тебе, да не случајно откажат операции ради ковидов во следните месеци.
Девојки колку требаше најмногу да биде тсх за да ти вратат ембрионче. Јас сум 11 ден по менструација и тсх ми е 3.67, а во постапка сум за враќање замрзнато ембрионче. Денес ми е прв ден преглед за да видиме каков е ендометриумот за 11 ден и да одлучи Док. дали ќе враќа ама сега со резултатов на тсх не знам што ќе биде. Има ли некоја слично искуство и дали вратила и останала бремена. Јас имам останато бремена со тсх 3 исто со замрзнато ембрионче ама сега е 3.67 и не знам што да се прави