А баш прееска те помислив...Ма браво!!!❤❤❤Леле ептен се израдував...уживај сега,одмарај и чувај се!!!! Значи сепак бебушот си барал местенце кога имаше грч...Бравооо!!!!
Да мила си барало место ембриончето, возбудена сум во понеделник ми кажа докторот контрола па здравје дајбоже да биде се во ред да не чува Бог до крај и кај сите што сме тука да дојде крајот со успех со бебче во раце...
Мене на тродневен на 10ти ден ми покажа бета...ако не сакаш да чекаш можеш да направиш утре. Ништо не е изгубено сеуште
Така е...ке биде...само полека мила,смирено,опушти си се,радувај се...се ке биде биде во ред!!!❤❤ Господ е голем,ке не усреќи сите нас!!!
Еве еден извадок од имплатација. Оваа седмица ке се случи всадувањето, односно имплантацијата на вашето бебе во матката. Понекогаш кога се случува тоа може да дојде до пукање на некој крвен сад и да предизвика мало крварење. Не се вознемирувајте, тоа е безопасна и нормална појава. Кон крајот на оваа седмица ја очекувате, односно не ја очекувате вашата менструација и нејзиното изостанување ќе биде главниот симптом дека сте бремени. Од останатите симптоми во овој ран стадиум на бременоста, можеби ке почувствувате потреба за зачестено мокрење. Тоа се јавува затоа што матката се полни со течност и почнува да притиска на бешиката. Те советувам без паника...
Zenichki fala vi na site za poddrshkata. Jas ke chekam petok,togash treba da go napravam testot.Do togash ostanuva da se nadevam deka ke uspeam.
Мила, честитки од се . Знаев дека овој пат ке успееш, сега со Господ напред уживај во бременоста, гали меше и за девет месеци со здраво бебе во раце. Много сум среќна за тебе
Фала ти мила дајбоже и кајтебе што поскоро.. Ти до каде си со постапката? Ти посакувам да доживееш вакво чувство што поскоро
Девојки сакам самоиницијативно да испитам ДИМЕРИ. Во Авицена е 800ден, во Синлаб е 2000ден. Зошто е толку голема разликата? Дали се работи за едно исто. Не сум баш упатена. Во синлаб да не се повеќе работи како пакет. Бидејќи онака за др иапитувања се со цена исти разлика во 100 ден.
Здраво девојки имам едно прашање во врска со ваучерот. Имам ваучер за инвитро од фондот, ваучерот ми истекува во јануари и постапката требаше да почне овој месец да ми одредат терапии и останато, но мене ми дојде циклусот една недела порано, најверојатно поради хистероскопијата тогаш ми доцнеше, а сега ми дојде порано. Ѕвонев на тел три дена кај сестрата нема да именувам клиника не ми креваше на тел. Пишав и порака и ѕвонев ништо. На четвртиот ден добив и ми вика сега е доцна, и кажав кога ќе ми биде нареден циклус и ми вели нема да може тој период ќе се стерилизра лабораторијата и ми рече да се јавам во фонд да сум барала нов ваучер. Јас сум избезумена сега две години се борам за овој ваучер да го добијам и сега поради неусогласеност на докторите и сестрите јас треба да го изгубам и почнам се одново. Дали некоја има искуство со продолжување на ваучер или евентуално да се отворел ваучерот, а да се искористи нареден месец на пример. Јас кога прашав за тоа лом ме направи на тел. И ми кажа или да си барам нов ваучер или друга клиника. Таму секако нема да одам сега дури ни со нов ваучер. Ве молам ако има некоја некакво слично искуство нека сподели.
Многу ми е жал што минуваш низ ова ама јас последно да е па нема да се вратам во таа клиника.. Имаш време,кој ден од циклус ти е? Јас топло го препорачувам др Владимир Трајковски од Њу Борн.. Ако сакаш,јави се веднаш за консултации,ке те прими...не губи време... Не си требала воопшто да чекаш да ти кренат на тел.,веднаш кога си добила да отидеш директно таму..ама времето не можеш да го вратиш туку да го фатиш последниот воз,а мислам дека ке успееш.. Обично кај Влатко се оди на ехо 2 ден од циклус и се почнува со постапката... Среќно!!! Дај Боже да успееш!!!
Оди во друга клиника. Ќе ти го прифатат ваучерот и може да те водат со долг протокол. Ехееее и те како има време да го реализираат. Одбери клиника и др и појди деновиве. Ич да не се сеќираш. И Систина и Борн ќе ти го примаат ваучерот
Знам која клиника стерилизира околу нова година. Време е да си го сменат изговорот. Најдобро е да си одиш во друга клиника каде што ќе ти излезат во пресрет. Ти посакувам успех, кога ќе успееме сите вакви ситуации ќе ги заборавиме.
Мене ми се случи истото. Поднесов за нов и ми го реиздадоа, не го важат овој како искористен пак ти стои правото да го добиеш истиот. Не се грижи
Фала ти. Искрено ме изиритира односот на сестрата вади си нов ваучер, а овој ми важи уште месец ипол. И јас си знам низ што имам поминато последниве две години дури да стигнам до него. И ваучерот не беше искористен до сега поради хистероскопијата морав да направам пред да почнам со постапка. Родена сум со аномалија на матка, цело време добивав утеха нема да ти пропадне има време и денес барај нов ваучер или нова клиника. Дали се свесни они низ шо се поминуваме ние. Не знам како не гледаат нас изгледа како бројка само. Се видов пред еден саат со матичната зборуваме, и ќе најдеме решение не можам да оставам така, се работи за повеќе од месец не е дека се нема време, сеуште има важност ваучерот.
Се видов со матичната и кажав шо се случи. Секако дека ќе си барам решение, утре ќе се слушнам на друго место. Ваучерот ми важи повеќе од месец, сигурна сум дека има време да се почне постапка. Не ми се допадна односот со барај нов ваучер друго решение нема.