Јас почнав со микрогинон на 5ти ден, тоа претходниот месец пред јаките стимулации следниот месец за долг протокол, значи секако не ти е доцна, факај некој доктор...
Овој циклус го испуштив ми заврши вчера денес ми е 5ти ден. Ама нареден ќе ми биде кај 20ти декември, а ваучерот ми е до средината на Јануари. Јас мислам дека секако има време и дека може да се почне ваучерот. Ќе видам утре што ќе направам ќе пробам на друго место.
Фала ти. Тоа е помина веќе вчера ми заврши ми трае 4 дена, денес ми е 5ти ден. Но кај 20ти декември треба да добијам, а ваучерот ми важи до средината на јануари мислам дека секако има време. Утре барам на друго место па ќе видиме.
Постапката мора да се заврши па да го пријават ваучерот на завршена постапка пред да ти истече. Јави се во Фондот ако не си од Ск и прашај ги што да правиш. Не знам колку време треба да се почне и заврши една постапка на циклус, па макар и кратка. Што те маткале толку?
Битно е да се почне постапката во тие 6 месеца. Не мора да заврши во тие 6 месеца. Ако имам добро сфатено... Така да можеш да ја почнеш постапката и во јануари. Ако не го искористиш ваучерот, не ти пропаѓа. Ако ти е прв ваучер, и да не ги искористиш, ти следуваат три, не ти се намалува.
Јас колку што знам постапката треба да се почне во тие 6 месеци, а не е важно кога ќе заврше. За жал не можам да ги добијам во фондот но секако ќе се обидувам за да добијам повеќе инфо. Маткањето беше шо имав закажана хистероскопија која ја откажаа, морав да ја направам неа пред да почнам постапка за ивф.
И јас колку што знам битно е да се почне постапката во тие 6 месеци, а не е битно кога ќе се заврши. Не можам да ги добијам во фондот но ќе продолжам да ѕвонам пак да добијам информација шо и како понатаму, доколку не успеам да закажам некаде утре.
Порано беше така, сега мора да заврши. Знам зашто и мене ми истече мојот ваучер, ама дека беше издаден пред карантинот во март, ми го продолжија за толку време колку што траеше карантинот. Иначе, истекуваат исто така и испитувањата, па за нов треба да поднесува пак. И мене ми истече првиот ваучер зашто немав доволно пари собрано за тие 6 мес, а нели желбата е голема па и не го пресметуваме времето некогаш. Затоа викам што толку ја маткале со таа хистероскопија. Најдобро е ваучерот да се извади кога сите работи ќе бидат средени, ама еве излегува нешто додатно да се направи и треба време за тоа. Плус, време на пандемија.
Чим така, закажи одма во Њуборн, објасни му на Влатче дека операцијата била откажана, он ќе смисли нешто. Од сега имаш уште месец ипол. Мислам ќе се реши работава.
Се надевам дека ќе ги добијам во фондот и ќе им ја објаснам ситуацијата, се надевам доколку може да ми го продолжат барем за еден месец, со тоа шо поради пандемијата ми ја откажаа операцијата. Се надевам дека ќе се среди некако работава ќе видам утре што ќе направам. Фала ви на сите за споделените мислења и искуства.
Дали некој скоро има правено спермограм во Систина да ми ја каже цената? И дали прават ДНА фрагментација.
Јас се јавив да закажам за сопругот и ми рекоа 3.500 дека е спермограм во Систина. Се јавив пред една недела. А за второто мислам дека во Плодност има сигурно и е 4.500 а за Систина незнам.
Бубче мислам дека нема таму само во плодност бар ние кога правевме пред две години така ни кажаа само таму дека има...
Да не случајно е со хемостаза и времињата па затоа толку? Закажи си во др клиника кај др доктор и воопшто не е касно... Дна фрагментација мислам прават и во Борн и Плодност околу 4000 (ама не сум најсигурна) а во систина незнам но спермограм околу 3-4000
Во Авицена само д димери е 800 ден , јас испитував на трансфузиона медицина пред месец дена со упат од матичен гинеколог , околу 300 ден платив
Во Борн спермограм со фрагментација е 4000 а во Плодност 9000. Во систина последно кога прашав немаше фрагментација а спермограм беше околу 4.000