Никако да ги добијам на телефон за да прашам за ваучерот дали одговараат на маил ако им пишам и ако да на кој маил
Знам за во Плодност, имаме правено таму. Сакав и во Систина ако има да направиме кога ќе правиме контролен спермограм Фала женски
Па одлично,имаш време,ти веќе ќе бидеш во постапка ... Во меѓувреме, најди друга клинила и доктор и веќе можеш да се опуштиш,без нервози,без стресови,ќе биде све на време... Јас на 24.09 добив,а на 09.10 ми беше ЕТ...во извештајот ми пишува дека сум со долг протокол... Имаш време , дури ЕТ ке ти влезе во предвидениот рок за ваучерот.. Ке внимавате само да не дојде до хиперстимулација па да се одложи ЕТ за следен месец или два,а во тој случај не знам дали ке важи тогаш ваучерот само за ЕТ..Разговарај со докторот и за оваа проблематика... Мислам имаше членки овде кои имаа одложен трансфер поради хипер,па нека споделат искуство.. (да не ги означувам,да не згрешам случајно) Дај Боже да успееш!!!❤❤
Девојчиња би сакала да Ве прашам околу рефундација на клексаните. Денес бев на трансфузиологија , конечно начекав термин кај Др. Јани АНГЕЛОВСКИ за да ми препише терапија за инвитрото. Уште не сум почнала со стимулации, најверојатно би почнала утре, ќе видам утре со докторот за инвитро што ќе каже. Е сега прашањето ми е дали мора денес да купам клексани или може од денот кога ќе почнам да ги ставам.Не се сеќавам како беше, кои датуми требаа да се совпаднат, со извештајот од трансфузилог или со потврдата од матичниот
Со потврдата од матичен секако мора исти денови да се сметките. Дека те боцкале од тој до тој ден. А извештајот е битно само да е пред фискалните издаден, не покасно.
Јас се јавив директно во фонд ми рекоа како ке имаш извештај така ги купуваш а потоа од како ке ги аплицираш Јас се јавив директно во фонд ми рекоа битно ти е да имаш извештај од специјалист дека треба да се примат и со тој извештај ги купуваш и потоа од како ке почнеш да ги аплицираш матичниот ти вади рецепта и одпозади се потпишуваш како ги ставаш.. Јас така правам
4.600 евра се 8јк. 3.000 е машки материјал ( за три обиди) . За машкиов не сум 100% сигурна ( толку им наплатија на еден пар од Косово, ваљда иста цена е за сите) Плус 1.700 евра за трансфер и оплодување. И околу 100 евра имаш за трошоци околу нотар, психолог.. Ако имаш ваучер тогаш 1.700-те евра нема да ги плаќаш
Благодарам.Јас имам ваучер за свои. Дали ќе може да го искористам барем за нешто?? Повеќе несакам да се обидувам со свои,
Можеш да го искористиш за трансферот и оплодувањето ( фактички ќе ги заштедиш тие 1700 евра). Донорскиот материјал ќе си го платиш целосно
И јас сега зборев со ембриологот од Систина. Мене ми кажа дека прават. Ама немало потреба да правеме по втор пат штом веќе еднаш имаме направено во Плодност.
Ние правиме во Систина спермограми ама не ни направиле фрагментација до сега. Треба да се напомене за тоа посебно?
Па најверојатно ќе треба да си кажеш. Скапичко е , 9.000 ден мислам рече. Зборевме за многу работи па не успеав све да запаметам
Еве едно мало известување до сите. Успеав да ги добијам во фондот, важноста на ваучерот се смета од денот кога е подигнат од пошта што значи подолго од она што мислев. Јас мислев дека важи од денот на одобрување т.е датумот што го пишува на ваучерот. Но поради пандемијата тој период имаше застој па мене ми е пратен 10 дена подоцна според печатот на писмото, а подигнат од пошта по една недела од датумот на испраќање што значи го имам и цел јануари. Друго важно е дека постапката треба да се почне во тие 6 месеци но не е важно кога ќе се заврши. Оваа го добив како одговор од фондот. Сега малку помирна ми е душата да знам дека имам време. Утре имам закажано консултации па се надевам се ќе помине во ред.