Ќе те замолам да ми кажеш под која шифра доби термин за на трансфузиологија, јас еве 2 месеци неможам термин да начекам. Докторката ми вика дека имало термини само за проблеми со вени. А треба да посетам трансфузиолог имам ваучер и се чека за да добијам мензис да почнеме со постапка.
Мила јас денес бев за Хив, Хепатит Б И Ц, прават во Институт за јавно здравје, микробиолошка лабараторија. 250 ден платив
@Luni Жено за тебе дојдов во темата. Мноогу абе премногу се израдував ти посакувам од срце да имаш лесна бременост и те чека мноогу гушкање за 9 месеци. Сега гали мешко уживај во убавите ма во најубавите денови одмори се собери енергија зошто ќе ти треба многу. Те бакнувам и гушкам и многу се радувам бе
Матичната ми пиша шифра Варикозни вени, така ми посочија тука девојчињата и немаше проблем. Крајот на месецов и почеток на другиот проверувај на мој термин кога ќе пуштат и одма звони на матичната да ти закаже
Фала ти многу мила фала му на господ успеав..Каква возбуда било само бог знае и јас.. Едвај чекам понеделник да дојде контрола па здравје за две недели и срценце да слушнеме возбудата расте...
Одлично со Господ напред се ќе биде во ред ќе го слушниш најубавиот звук.. Уживај до мах во деновите кои ти претстојат
Можно е да ми е кажал 9.000 комплет за спермограм, спермокултура и дна ф заедно. Кажав дека долго разговаравме и све живо испобркав
Здраво девојки. Нова сум на форумот, имам прочитано неколку страни наназад и ако се повторувам нешто извинете Собираме документи за ин витро,па ме интересира дали откако ќе заврши целата процедура,оригиналните документи од фондот ги враќаат. Посебно ме интересира за извештајот за ХСГ, во случај некогаш повторно да ми затреба? Ви благодарам