Ви благодарам девојки. Сега уште да собереме се што треба и да поднесеме И ако има некоја од вас да сподели искуство од скоро со Др. Владимир Трајковски од NewBorn за ин витро? Бевме на консултација и вака ни остави добар впечаток.
Еве јас ,уште од првиот момент кога тргнав во тие "води" отидовме кај него,не упати што да испитаме...почнавме со инсеминација и завршивме со инвитро фала Богу успешно (дај Боже да е добро и понатаму),задоволна сум од докторот и персоналот,посветен е и прави се што е во негова моќ за да го извлече најдоброто,не зборува многу,ама точно знае што прави...го препорачувам,јас не би го сменила,ако те интересира нешто по конкретно слободно прашај.Со среќа
Браво! Честитки,баш ми е мило и со лесно Ние тргнавме од Ремедика кај д-р Стојковска. Стварно е многу фина и има добар однос со пациентите, имаме една неуспешна инсеминација таму, но не ја обвинувам воопшто за тоа. Меѓутоа некако цело време како да тапкаме во место. И ниту еднаш не ми побараа хормонски статус и брисеви што според мене не е ОК. А кај Др.Трајковски на консултацијата прво тоа ми побара. Затоа велам ми остави добар впечаток ама сепак ме интересираат искуства на пациенти Ти благодарам уште еднаш за нешто поконкретно ако ме интересира ќе те прашувам
Девојки, ми стигна известување на мејл дека ваучерот ми е одобрен,но со донорски материјал. Дали и сега како и за првиот можам да напишам барање дека сакам со сопствен или нема шанси?
Тоа е важно да те упатат на потребните испитувања,хормони,хсг...д-димери со хемостаза,еве од другиве членки и вит. Д е важен и инсулин(хормон).
И мене после неколку обиди на друго место, одма ми побара генетски мутации и излезе дека имам. Дали беше тоа беше пресудно не знам, ама од прва кај него успеа. Го препорачувам.
Девојки заборавив да ви кажам дека пред ивф пиев еден чај мешавина незнам од колку билки од човек од скопје го порачав со препорака за плодност машки и женски чај во него има и бабин заб пиев 15 дена без престан потоа 15 дена пауза и 15 дена со мед чајот изблендиран на најситно малку беше грдо ама го изедив ако сака некоја можам да го пратам по карго. Машкиот воопшто не е отворен мм не сакаше да пие не е по чаевите а мене не ми беше проблем се ке се проба знаете и самите, вака сега се сетив си велам можно е и однего да имав корист за квалитетна јк ако сака некоја нека ми пише лп. Ке и пратам
А дали некоја од вас има добиено ваучер од фондот само со една инсеминација, бидејќи ни дадоа потврда дека треба да одиме директно на ин витро и ни рекоа да ја доставиме таа потврда до фондот заради спермограмот. Плус сите други документи и двата спермограма?
Здраво девојки денес бевме на консултација кај др владимир,он повише се секират од вакви сппнтани абортуси од нас пациентите,одлучи за хистероскопоја и рече би било добро он да ја изврши,сумлјат дека до матката е проблемот,,јас во 2014 се оперисав од септум на матка 1,5 мм бааѓи голем,му спомнав за НК клетки да испитам рече не!ама душава ми ка ослобпдува со таа негова позитива и ангажираност за неговите пациенти!јануари одлучивме да правам хистероскопоја па со господ напред!еден ден ситее ке успееме!
Девојки дали некој слушнал или има вакво инфо. Ова го прочитав во српска група на жени кои ја делат истата мака како нас, дека користењето на мелатонин го подобрувал квалитетот на јајце клетките Многу жени се јавија дека го користеле, е сега кај некои успешни приказни кај некои не. Го имаа и ова објавено
Денеска и ѕвонев, не прифаќа да ми даде упат за со вени... А дали може од кај матичен гинеколог да пробам за на трансфузиологија за термин или само од општ матичен доктор. Незнам веќе што да правам како да стигнам за до трансфузиологија
Прочитај ја книгата it starts with the egg Сите што не сте ја прочитале читнете ја стварно е мн корисна. Таму пишува и за мелатонин Има во неа што да се пие од суплементи за пцос, за намалени резерви, за необјаснета неплодност... за секое си има посебно скоцкан план, за подобрување на јајце клетките
Таа не прифаќа или системот ? Од матичен гинеколог неможеш да стигнеш до др трансфузиолог само матичната општа да ти даде упат Незнам зошто несака да ти издаде упат?
Девојки имам едно прашање, денес бев кај матичниот гинеколог ми издадоа потврда за клексаните. Утре планирам да одам до фондот да поднесам документи за рефундација, освен извештајот за мтхфр од трансфузиолог, извештај од гинекологија, потврда од матичен и сметкопотврди дали ми треба уште нешто друго? Дополнително дали ќе ми примат во фондот копии од извештаите од трансфузиолог и гинеколог? И каде во фондот се поднесува за рефундација?
Мене матичен гинеколог ми дава итен упат(24ч важи),за на трансфузиологија во 8Ми септември и секој месец таму си одам.
Барање/формулар кое го имаш на нивниот веб и копија од трансакциска сметка плус ти треба. Јас потврдата оргинал ја давам си чувам за мене копија. Кај црвен крст се поднесува.