Во зависност од вкупната сума на нарачката, мислаж до 90 евра нема данок, а и од начинот на испорака преку ДХЛ има данок и плус трошоци за достава
За нарачка до 45 евра не се плаќа ништо, од 45-90 евра се плаќа ддв, над 90 евра се плаќа ддв плус царина. Ако нарачуваш преку ДХЛ, наплаќаат околу 1600 денари за услугата. За нарачка преку обична пошта нема ваков трошок, само се чека повеќе за доставата.
Не се плаќа ни ддв, претпоставувам зашто се работи за витамини (суплементи) Јас никогаш немам платено
Девојки, јас ко што сум баксуз добив денес, а треба да тестирам хормони. Ми бараат од фонд нов документ за хормони па морам да го направам. Не сакам да чекам до понеделник да не ми се високи, а пошто ми доцнеше очекувам некој да е покачен. Од кај матичнава не знаат дали може утре да ги тестирам некаде. Знаете ли дали примаат негде? Гинекологија, клиничка биохемија или некое друго место? И со каков упат сте биле?
На клиничка биохемија можеш за викенд, сум идела јас два пати така. И на ГАК мислам можеше. Стандарден упат земи си за хормони.
Клиничка биохемија работат и за викенд. На ГАК поради ситуацијата во моментов не испитуваат хормони. Само биди спремна дека може да фалат некои реагенси па можеби ќе мораш некој хормон на приватно да испиташ. Знам скоро пишуваа во темата за хормонален статус дека за естрадиол фалат реагенси.
Да да, баш во коронава бев, последно во септември. Само јави се прашај дали имаат реагенси за естрадиол, често го немаат или ако била некоја членка деновиве да сподели, за да имаш во предвид и приватна лабораторија.
Секако земи си упат и иди утре, а ако случајно нема реагенс, Авицена и Синлаб работат па ќе завршиш работа во секој случај.
Пред еден месец правев на ГАК, и викенди и празници работат. Единствено они работеа постојано.а за други незнам.
Работи клиничка биохемија во сабота. За сите репродуктивни хормони имаат реагенси, освен за естрадиол. Имаат и за тироидните хормони реагенси и за андрогените. немаат за ддимер исто да знаеш и за хомоцистеин.
Минатиот месец бев на ГАК во сабота за хормони и имаше реагенси за сите. За сега не знам. Во понеделник ќе одам,па ќе пишам.