Каде прави хистероскопија докторот? Порано не правеа во нивната болница. Дали почнаа сега на новата локација?
Во Њуборн прават на локацијата кај што се наоѓаат.Од мое лично искуство советувам сите да си направите хистероскопија.Јас бев незнам на колку многу прегледи и кај колку многу доктори.Исто правев и хсг и се беше во ред, се додека не направив хистероскипија на која се виде септум на матка.
Имаат долу во подрум мала "сала" и соби каде што лежиш по интервенцијата неколку саати. На извештајот мене ми стои office hysteroscopy и гледам дека постои разлика со hospital hysteroscopy, но не сум прочитала точно која е. Претпоставувам за посериозни зафати е потребна операциона сала.
На муабетот за др Трајковски, ви дал ли нешто да пиете пред постапката за подобрување на јајце клетките или спермата. Мене ми рече не треба, а во Систина пиев Овунорм. Какво ви е искуството?
Маж ми ќе ги пие по едно на ден, а јас по две затоа што се различни за маж и жена. За жена едните се кафени нив ги пијам по ручек, а другите се омега и нив треба навечер пред спиење. Кон крајот на месецот сум на контрола па ќе видам до кога каже докторката да ги пијам. А маж ми најверојатно ивф ќе ги пие. На следна контрола ќе каже со што следно ќе продолжиме.
@Bubce38 mila drugarke fala ti mnogu. Ti posakuvam mnoguu zdravje i novata 2022godina da ja dochekash so bebush vo race ❤
А треба да повторите некои резултати за да се види дали има некакво подобрување? Или општо се даваат за зголемување на квалитет?
Мојот имаше атенотератозооспермија (има и дијабет тип 1). Два месеци пиеше профертил и трибестан. Спермограмот одличен, но 2 постапки неуспешни. Успеавме на третата. Неговиот спермограм и 5 месеци по терапијата беше одличен. Ти посакувам успех
Јас правев хистероскопија со скречинг на 3 јули а на 3 октомври ми беше трансферот со замрзнато.Мислам дека треба да поминат барем два месеци.
Tочно.Јас правев во Јануари,трансфер требаше Април,ама поради коронката еден месец подоцна беше.т.е.во Мај. Значи мора да поминат 2,3 месеци барем